Ако некогаш се чувствувате несигурно околу својот изглед, морате да го прочитате ова прекрасно писмо до мајката од детска перспектива.

„Драга мамо, повторно се гледаш во огледало, си го допираш стомакот кој се тресе и ме смееш. Толку си смешна, мамо! Но, не се смееш. Се муртиш исто како кога ми ги сечеш ноктите. Знам! И јас ќе го зграбам твојот стомак и ќе го тресам. Ах, сега се смееш! Но, мамо, би сакала да можеш да го видиш она што го гледам јас. За мене си совршена. Мамо, дали знаеш дека никој друг не може да биде мојата мајка освен тебе? Не би сакала ниту една друга мајка. Не, ти си единствената.

Ние две сме една за друга. Мене си ми совршена. Ти си за мене најдобрата мајка. И те молам, намали го гласот во твојата глава, бидејќи сега јас зборувам, а не ти! Ти си совршена бидејќи си ти. Не постои никој друг кој може да биде ти. Исто како што нема никој друг кој може да биде јас. Разбираш? Не ги гледам твоите маани, те гледам само тебе. Не ги гледам твоите грешки, ја гледам само својата мајка. Не ја гледам твојата тежина и мрсна коса, гледам само жена која ми дала живот и се обидува да се чувствувам безбедно, сакано и среќно. Жена со црвен сјај во косата. Преубава си. Мамо, додека сакам да те фотографирам со својот мобилен телефон, а ти го прекриваш лицето, не сакам да го правиш тоа. Го обожавам твоето лице!

Знам дека твоето лице е подобро од сечие. Го познавам твоето лице подобро од кој било. Ја знам секоја брчка и бенка на твоето лице (имаш точки, мамо, баш си среќна) и јас ги сакам. Твоето лице е најубаво. Тоа е лице во кое нурнав кога ме хранеше како бебе. Твојата насмевка ме хранеше повеќе од твоето хранливо млеко. Лицето со најмеки усни кои со бакнежи ги отстраниле моите грижи. Лицето кое го барав кога чекав во градинка и трчав кон него и кон твоите раце полни со љубов. Лицето кое го погледнувам кога барам потврда, или само да проверам дали она што сакам да го направам е добра или глупава идеја. Лицето кое го галев со поспаната рака кога сакав да заспијам и кое го барав штом ќе се разбудев, бидејќи си ме преместила во мојот кревет повторно. Те молам, немој веќе да го правиш тоа.

Твоето лице е поубаво од разнобојната опашка на мало пони. И мамо, тоа е најубавото пони што некогаш постоело! Не го гледам тоа што го гледаш ти. Кога ќе се погледнеш во огледало, гледаш само стрии, брчки, несовршености. Кога те погледнувам јас, тоа што го гледам е силна, способна жена која дава, љубезна е, полна со љубов, смешна и убава на својот „тоа е мојата мајка“ начин. Но и изморена. Да, прости ми заради тоа. За мене, никој не е поубав од мојата мајка. Сакана си. Кога се гледаш во огледало, се надевам дека се чувствуваш сакана, како што јас се чувствувам кога ме гледаш. Бидејќи си. Толку силно, силно, силно, многу силно. Те сакам со целото свое срце. Затоа, мамо, кога ќе се погледнеш во огледало, сакам да замислиш дека јас сум огледало. Би сакал да го видиш она што го гледам јас. Бидејќи мамо, за мене си совршена и многу си убава. Те сакам. Сакај ме.

Автор: Татјана Третњак



912

X