Воспитување

Џесика Алба открива што ѝ е најтешко во родителството

Џесика Алба има три деца со сопругот Кеш Ворен. Во последната епизода од поткастот „Воспитување добри луѓе“ со д-р Ализа зборува за родителството и она што ѝ е најтешко во целиот тој процес. Вели дека тоа е дозволувањето на децата да прават грешки за од нив да извлечат лекции.

„Тоа е невозможно. Тоа е она со кое се борам. Најтешко е да му дозволите на детето да направи грешка која премногу тешко ќе му се одрази“, рекла таа.

Актерката истакнала оти сфатила дека на овие грешки мора да гледа како на лекции и предизвици кои ќе ги направат децата посилни, но сепак ѝ е тешко да ја пушти сопирачката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top