Здравје

Децата што не спијат доволно имаат поголем ризик од развој на оваа опасна болест

Спиењето помеѓу седум и девет часа секоја вечер е од суштинско значење за одржување добро здравје, покажуваат многу истражувања. Сега експертите веруваат дека децата, односно тинејџерите кои не спијат доволно, се изложени на поголем ризик од мултиплекс склероза.

Имено, група научници од Шведска откриле дека младите луѓе кои спијат помалку од седум часа во текот на ноќта имаат и до 40 отсто поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза во текот на животот отколку оние што спијат повеќе.

Недостигот на сон може да предизвика сериозни здравствени последици кај децата, вклучувајќи хронична болка и замор, како и проблеми со рамнотежа и концентрација.

Истражувачите ги анализирале моделите на спиење на повеќе од 5.000 возрасни лица за време на нивните тинејџерски години, од кои некои имале мултиплекс склероза, додека други не. Испитаниците што спиеле помалку од седум часа секоја вечер имале, во просек, 40 отсто поголем ризик за подоцна да развијат мултиплекс склероза. Според Националната здравствена служба на Англија, на тинејџерите им требаат минимум 9 часа сон.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top