Не знам дали сте забележале дека детето со својата посветеност, задоволство, гушкање и блаженство ги исполнува нашите прегратки, без оглед дали сме убави, здрави, одморени или нерасположени или без оглед на тоа што сакаме да се ослободиме од нив што е можно побрзо затоа што одиме на службен пат, а авионот е сурово точен, а некаде таму нè чека некој, многу важен за нас – па некаде брзаме.


Но, за да им се радуваме, за да им се посветиме, да им дадеме предност во нашите животи, децата треба да бидат навистина убави и послушни, да одговараат на нашите желби или да бидат болни и да им е потребна нашата помош. Значи, детето треба да заслужи да го сакаме или да му е загрозен неговиот опстанок? А децата нè сакаат однапред, без оглед на тоа какви родители сме.

Автор: Проф. д-р Светомир Мојанин

Цитат од книгата „Пријателски разговори на детски психијатар со родителите и воспитувачите“

Извор



912

X