Воспитување

Детето не сака да ги прегрнува другите? Застанете на негова страна

Класична сцена: пристигнуваш кај баба, каде што те чека друг дел од семејството, а твоето дете се смрзнува од непријатност и почнува да мрмори дека не сака да влезе, дека не сака да го бакнуваат… И во принцип разбираш и некаде длабоко во себе го чувствуваш речиси истото, но, сепак, тоа е обичај! Но, застанете малку и размислете дали е всушност во ред што детето не сака другите луѓе да го гушкаат и бакнуваат? Па макар тоа била и неговата баба! Дали е во ред да поставите физички граници околу вашето дете?

Да бидеме искрени, не ни се допаѓаат ни нам сите гушкања и бакнувања, нели? Но, додека растеме, ние сме навикнати едноставно да го правиме тоа. Се разбира дека постојат луѓе кои радо би ги бакнале и прегрнале, но тоа не може да бидат сите ниту од поблиското семејство, а камоли од поширокото. Многу е важно да се потсетите и на тоа чувство на аверзија кон одредени прегратки кога размислувате зошто вашето дете не сака да ги гушка и бакнува членовите на семејството.

Првото нешто што треба да го направите е да прифатите дека вашето дете не сака прегратки од сите на тој празничен ручек и дека одбивањето прегратка или бакнеж не е знак на непочитување. Мора да ги прифатите физичките граници на вашето дете. Многу е важно ние како родители да ги почитуваме и да им објасниме на другите дека треба да ги почитуваат. Детето не сака сите да го допираат и тоа е сосема во ред.

Одлучете се за заеднички поздрав

Во ред, значи детето да не сака гушкање или бакнување. Мора да го прифатите тоа. За среќа, пандемијата ни даде големи „оправдувања“ за тоа, а сепак ќе ве гледаат малку помалку чудно ако некој од вас одбие прегратка. Но, некако треба да се збогувате со роднините кои и онака не ги гледате често. Согласете се со детето за поздравот. Можеби сака да се ракува како возрасен? Или можеби да се поздрави со тупаница на тупаница, а можеби и само едно „до видување“ ќе биде доволно. Сѐ е во ред.

Однапред информирајте ги роднините

Воопшто не е лошо на сите што ќе бидат на ручек однапред да им кажете дека детето не сака прегратки. Можете да ги поставите поинаку работите, па штом ќе пристигнете кај првиот човек што ќе го поздравите, кажете нешто како „Дојди да те гушнам, не сме се виделе многу долго!“ И сега моето дете ќе те поздрави со својот посебен поздрав, тој не би се гушкал денес“. Секој возрасен треба да го прифати ова како нешто сосема нормално и да се однесува како што ќе му кажеш и како што сака детето. Ако некој „го крене носот“, тоа навистина не е проблем на детето и не треба да страда поради прегратката што не ја сака.

Ќе ве изненади, всушност, што многумина ќе се израдуваат поради фактот што не мора да се гушкаат. Гушкањето е прекрасна работа и прегратката буквално понекогаш нѐ лекува, но факт е дека тоа се сепак прегратки на одредени луѓе кои ни се многу драги. Навистина не треба да ги гушкаме сите. Размислете вака: можеби се роднини, можеби многу добро ги познавате, се слушате со нив и не се доведува до прашање љубовта кон нив. Но, ако детето не ги гледа толку често, туку неколку пати годишно, зарем не е сосема нормално да не сака да ги прегрне.

Ако, пак, се работи за луѓе со кои почесто се гледате, тогаш не би требало да биде проблем да им кажете дека детето не сака да го гушкаат, и да ги поздравите онака како што тоа сака. Сè додека „Среќен Божиќ“ и насмевката доаѓаат од срцето, една „петка“ или „тупаница“ ќе биде сосема во ред!

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top