Стомачните тегоби кај децата може да бидат знак за Ковид-19, но и за некои други видови инфекции. Каква е поврзаноста со новиот коронавирус и што е сигнал за тревога за родителите, објаснува светски признатиот експерт, доцент д-р Предраг Миниќ, педијатар – пулмолог и раководител на секторот за болести на белите дробови и нарушувања во дишењето во Институтот за здравствена заштита на мајките и децата во Србија.

– Во првиот налет на епидемијата имаше стомачни тегоби како знаци за Ковид-19 кај децата, и тоа кај 20 отсто од пациентите. Што значи, не се јавувале ретко. Тие пречки сега личат на ентеровирусни инфекции (во прашање се најчести летни инфекции кај деца, предизвикани од ентеровируси во кои спаѓаат полиовируси, коксаки А и Б, и ECHO вируси), истакнува д-р Предраг Миниќ, кој работел и како главен консултант во Детската болница КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, која прима деца заболени од коронавирусот.
Вели дека пред дијагностиката тешко е да се процени дали повраќањето и дијарејата укажуваат на ентеровироза или се знак за Ковид-19, но разлика секако има.
– Децата што имаат ентеровирусни инфекции немаат позитивен тест на коронавирусот, кај нив не се развива пневмонија, немаат млечни стакла во белите дробови и тие деца можат да бидат премалени и да имаат главоболка – вели д-р Миниќ.

Родителите треба да обрнат внимание е следното:

– Родителите треба да реагираат ако детето има зголемена телесна температура, ако е премалено и има голем број столици дневно – над 5 – објаснува д-р Миниќ.

Сè за клиничката слика на децата заболени од коронавирус

Покрај стомачните проблеми, родителите треба да обрнат внимание и на симптомите што најчесто се јавуваат кај инфицираните деца.

– Коронавирусот дава нетипична слика сè додека не се јави пневмонија, но доминантната клиничка слика кај децата вклучува покачена телесна температура, премаленост, кашлање кај постарите деца и отежнато дишење кај адолесцентите – предупредува д-р Миниќ.

Напоменува дека колку што е помало детето, толку полесна клиничка слика има:

– Колку повеќе почнуваат да личат на возрасните, клиничката слика станува потешка, па кај адолесцентите покрај премаленост се јавува и пад на леукоцитите и лимфоцитите, додека кај помалите деца падот на белите крвни зрнца не се јавува секогаш.

Д-р Миниќ истакнува дека новороденчињата имаат поблага слика проследена со благо покачена температура и дека децата главно имаат лесна клиничка слика, а како најтешки случаи ги издвојува следните:

– Пред неколку дена имаме деца кај кои постоеше можност да бидат приклучени на респиратор, но до тоа не дојде бидејќи помогнаа конзервативните мерки и децата се подготвени за отпуштање. Возраста на заболените деца е од 1 месец до 18 години – истакнува д-р Предраг Миниќ.

Извор



912

X