Мојата 7-годишна ќерка ми чита пред спиење. Внимателно ја слушам, ѝ помагам околу непознатите зборови и нежно ја охрабрувам, но за тоа време гледам и стари возила што се нудат на интернет-страниците.

Мојата ќерка е паметна: „Престани да се ѕвериш во мобилниот, тато“.

На мобилниот можете да го читате Толстој или да водите телефонски разговор со вашата мајка. Но, по правило, не го правите тоа. Гледате глупости, играте глупави игри и снимате фотографии од вашето глупаво лице, божем без маица го следите резултатот од вашите тренинзи во бодибилдинг.

Кога ме обзема досада или фрустрација, или сум осамен, го чувствувам во џебот тоа помагало. Нагонот да го погледнам никогаш не престанува да ме копка. Неврохемиското задоволство од употребата на паметните телефони, приливот на ситни награди и ескапистичките бесмислици што создаваат навика се слични како оние што ги создаваат апаратите во коцкарниците. Замислете дека сте патолошки коцкар со казино во својот џеб.
Авторот на книгата за зависноста од свртувањето на вниманието, д-р Алекс Сујунг-Ким Панг, препорачува да се исклучите со помош на зен-медитација слична на режимот на „контемплативно сметање“.

* Изгаснете ги речиси сите работи што ви пречат. Намалете ги сигналите на неважните личности и апликации.
* Инсталирајте на мобилниот апликација за медитирање или вежби за насочена свесност, како што се Insight Timer или MindBell, кои ќе ве потсетат да паузирате.
* Користете софтвер кој ги отстранува страниците за денгубење. И натерајте се редовно да се трезните од сите можни екрани за да го намалите нивното влијание врз залудното трошење на умот.
„Немојте тоа да го направите само еднаш и да прогласите победа“, вели д-р Панг.

„Умот треба да се тренира за да се навикне на тоа и да има корист од тоа“.

 

 



912

X