Држење за раце, нишање, цицање работи – родителите се често загрижени и се прашуваат зошто се случуваат овие работи кај децата.

Ако пребарувате на интернет, може да ви излезат страници кои пишуваат за ментални болести. Или, пак, ако им ги опишете овие чудни однесувања на други родители, некоја добронамерна мајка ќе му дијагностицира аутизам на вашето дете, АДХД или анксиозност.

Иако е важно родителите да бидат свесни за раните симптоми на некои болести, постојат одредени „чудни“ однесувања кои се нормални во развојот на децата. Всушност, 70 отсто од развојот на децата вклучува повторувачки и бесмислени движења како гризење нокти, играње со косата и грчење на нозете, според извештајот објавен во 2018 година во списанието „Семинари за педијатриска неврологија“. Децата го прават тоа со причина: вака ги регулираат своите сетила.

– Откако ќе разберете зошто вашето дете го прави она што го прави, веќе не го гледате како чудна навика, туку како однесување со некаква цел – вели педијатарот Аманда Бенет.

Цицање работи

– Децата што имаат тенденција да џвакаат и да цицаат работи можеби го прават тоа затоа што нивната уста не е доволно чувствителна. Детето што ја цица својата маица може да има помала чувствителност. Исто така, таквите звуци ги смируваат овие деца и создаваат чувство на удобност, а се ослободуваат серотонин и допамин кои им помагаат да се чувствуваат смирени и да не се досадуваат. Ова е често кај деца кои доцнат во зборувањето или имаат проблеми со јадењето. Тие често имаат проблеми да ги совладаат прецизните движења на усните бидејќи нивните сетила едноставно не ги обработуваат информациите како што го прават тоа другите деца – вели Биел.

Иако овие однесувања се главно безопасни, родителите треба да го набљудуваат внимателно ова однесување за да спречат задушување или бактерии да се акумулираат во устата. На пример, ако цицањето на палецот продолжи на возраст од две до четири години, тоа може да влијае врз обликот на усните на детето и да создаде проблеми со загризувањето.

Се нишаат и се вртат

Децата што природно се вртат, замавнуваат и скокаат, веројатно имаат вестибуларен систем (го олеснува движењето низ просторот, дава информации за положбата на телото) кој бара повеќе движење бидејќи имаат помала чувствителност на дразби. Клучот е да се знае кога е доволно.

– Постои нешто што се нарекува превртена U-крива. Кога детето се врти, неговата возбуда се зголемува и се подобрува неговата способност да остане смирено и фокусирано. Тоа е така додека не го достигне врвот на кривата, кога возбудата продолжува да се зголемува, но перформансите опаѓаат – вели д-р Милер. Надминувањето на овие граници може да доведе до проблеми со преоптоварување на сетилата. Важно е да работите со детето и да се консултирате со експерт и доколку е потребно, да ги ограничите таквите движења. Гимнастиката и пливањето се одлични активности за такви деца.

Мирисање работи

– Мирисот е сетилото кое директно се поврзува со лимбичкиот систем, кој е центар за емоции, меморија и задоволство во мозокот. Децата често мирисаат работи кои создаваат удобност затоа што им овозможуваат утеха. Смирувачките мириси едноставно можат да му помогнат на детето да се чувствува посигурно или доволно опуштено за да заспие. Сите сме чувствителни на мириси и ги користиме за да се смириме. Децата понекогаш може да се чувствуваат удобно со мириси кои традиционално не се сметаат за пријатни – вели Биел.

Повторувачки движења

– Допирање, стискање, грицкање, вртење на косата и сите други слични повторувачки однесувања создаваат сензации кои ги задоволуваат потребите за допир на бебето – а често и неговата потреба за многу специфичен вид мало движење – вели д-р Милер. Како одговор на овие движења, телото ослободува окситоцин. Покрај смирувачкиот ефект, овие движења може да му помогнат на детето да се фокусира.

Доколку овие однесувања го попречуваат секојдневното функционирање на детето, тоа може да биде знак за сензорно оштетување, вели Сара О’Рурк. Децата со оваа состојба не можат соодветно да одговорат на сигналите што ги добиваат од нивните сетила, додека оние што нормално функционираат нашле начин да се саморегулираат во своето однесување.

Извор



912

X