Родителите што работат од дома сигурно се соочуваат со нервоза, но и на децата им треба време да бидат сами кога ќе се соочат со своите чувства. Децата од претшколска возраст почесто се вознемирени, и иако стануваат понезависни, сепак не можат да се справат со своите чувства без помош. Во овој период на карантини, без училиште, игралишта, задача на родителите е да се осигурат децата да ја имаат можноста, па дури и просторот за да ги процесираат своите искуства на здрав начин.

– На децата им е потребно тивко, безбедно место за самоизолација и одмор. За време на пандемијата, поради анксиозноста, неизвесноста и промената во рутините, на децата им треба тивко место. Кога се премногу стимулирани и вознемирени, може лесно да се налутат, да бидат фрустрирани или тажни – објаснува д-р Карла Мари Менли, клинички психолог и автор на „Радост од страв“.

Понекогаш тивкото место е местото каде што децата може да ги рефлектираат своите чувства. Сакаме детето да може да побара помош во тоа тивко место пред да се почувствува премногу вознемирено или фрустрирано, вели д-р Менли.

Па како изгледа мирното простор? Може да биде што било, но истражување открило дека најефективно е кога е во прикриен простор (дури и ќебенце е доволно), далеку од врева и активност и исполнето со предмети за утеха, специфични за дете. „Тука спаѓаат ќебенца, играчки, светилка, шише, книги итн.“ – вели д-р Менли.

За семејствата што живеат во помали простори, не очајувајте: тоа не треба да биде голем простор, или конечен.

– Кога мојот прв син беше мал, неговото тивко место беше долга кутија што имаше отвор, можеше да се движи и да се преместува. Сакаше да додава ќебенце како врата. Најважно е да знае дека овој простор секогаш е пристапен – вели д-р Менли.

Пристапноста е клучна: родителот и детето треба да утврдат некои правила за користење на тивкото место и треба да се држат до нив. Овие правила треба да ја зајакнат идејата дека тивкото место е простор за личен одмор и рефлексија на детето. Со нив детето треба да го контролира просторот, кога може да го користи и кој може да пристапи ако добие дозвола за да ги отстрани предметите.

Правилата се важни за оваа практика да биде ефикасна, па важно е целото семејство да ги почитува. Може да биде тешко ако се повеќе деца во прашање и едните веќе ги надминале овие работи, но родителите треба да ја зајакнат идејата за почитување на правилата од страна на сите.

– Родителите може да ги научат браќата и сестрите да се приспособат на оваа идеја и преку креирање тивко место за себе. Читање на каучот или медитација на перница на подот и слично. Ако се моделира соодветен тивок простор за децата, и браќата и сестрите ќе научат дека тивкиот личен простор е свет за секој од нив.

Тивкото место не смее да биде простор каде што детето ќе оди кога ќе биде казнето за лошо однесување, туку место кое детето го избира за да се справи со своите чувства.

– Ако се користи како дисциплинска алатка, ќе го изгуби статусот на безбедно и утешително место. Ако детето се повлекува на ова место за да избегне дисциплина, родителот може да одлучи како најефективно ќе се справи со проблемот и потоа постојано да ја користи методата. На пример, ако детето се обиде да избегне да ја дојаде вечерата, родителот може да одлучи која стратегија ќе ја користи. – Изгледа дека треба да бидеш во твоето тивко место сега, но мораш да ја дојадеш вечерата. Откако ќе завршиш, можеш да се вратиш таму. Постојаноста е клучот.

Детето може да го користи тивкото место многу на почетокот, но како што станува понезависно, можно е да го користи помалку. Поважно од возраста на детето е свесноста на родителот за индивидуалниот карактер на детето и неговите потреби. Родителите што ги согледуваат своите сопствени потреби за справување со чувствата и соодветна изолација за таа цел, ќе можат да му помогнат на целото семејство да се справи со чувствата, особено за време на пандемијата со Ковид-19.

Автор: Матју Јутли

Извор



912

X