Ако детето од мало учи да ги истражува овие подрачја, кога ќе порасне, ќе биде позадоволно во животот.

Децата во детството најбрзо впиваат нови информации, знаења и вештини и обликуваат база за подоцнежно создавање слика за себе и за другите.
Затоа е важно од најмала возраст да усвојат одредени вештини за да израснат во луѓе полни со самодоверба кои ќе знаат да се носат со тешките ситуации што ги наметнува животот.

– Емоционалната интелигенција е битна за психолошката стабилност на човекот, па така и за поуспешно справување со животните предизвици и со стресот. Кај децата со ниска емоционална интелигенција поголема е шансата дека ќе имаат проблеми во однесувањето и потешко ќе се снаоѓаат во друштво, што може штетно да се одрази на сликата за себе и воопшто на задоволството од животот – вели психологот Теа Кнежевиќ од Хрватска.

10 одлични активности

Пливање
Овој спорт исклучително добро влијае врз здравјето, ги развива мускулите и го чува мозокот.

Свирење инструмент
Го одлага пропаѓањето на мозокот во староста.

Танцување

Овој спорт позитивно влијае врз телото, линијата и врз умот. Им помага на хиперактивните деца и ја јакне самодовербата.

Комуницирање со чувствата

На тој начин децата се учат да донесуваат одлуки и правилно да реагираат во сложени ситуации.

Употреба на парите

Дечињата се подготвуваат за полесно снаоѓање во животот и се учат да штедат.

Странски јазик

Учејќи странски јазик, децата побрзо се приспособуваат на промените и развиваат подобро помнење. Познавањето на барем два јазици помага при спречувањето на појава на Алцхајмерова болест.

Ориентација

Се развива мозокот бидејќи невроните побрзо се поврзуваат.

Рециклирање

Освен грижата за зачувување на животната средина, оваа активност ја развива креативноста кај децата и психомоториката.

Готвење

Учат да следат упатства и здраво да се хранат.

Средување

Ги организира менталните процеси.



912

X