Да повториме уште еднаш: не треба да учите со деца! Не треба вие да им ја подготвувате училишна чанта! Не треба ни да прашувате „како е на училиште?“ Така го оштетувате односот и крајниот резултат е секогаш негативен. Зарем немате за што друго да разговарате со вашето дете?

Детето мора да има слободно време кога нема да прави прави ништо: од 2 до 4 часа дневно.

Преамбициозните, т.н. грижливи родители ги преплавуваат своите деца со активности: курсеви за јазици, уметнички секции, престижни спортови… Ова најмногу резултира со нервоза и сè што доаѓа со неа како последица.

Во односот со училиштето и педагозите, треба да бидете на страната на вашето дете во вистинска смисла. Грижете се за децата. Не плашете се од лоши оценки. Плашете се дека вашето дете нема да го сака училиштето и учењето воопшто.

Тешко е да се каже кој трпи поголем психолошки притисок – одличен ученик или единичар. Учениците кои макотрпно ги редат петките не се безгрижни деца и немаат самодоверба.

Ако вашето дете не е способно да учи самостојно – мора да има причина за тоа. Мрзливоста нема врска со тоа. Категоријата мрзливост не постои во психологијата. Мрзливоста се смета како отсуство на мотивација и волја. Причините зошто детето не може да учи и да ги завршува самото домашните задачи може да бидат многубројни: зголемен интракранијален притисок, зголемен мускулен тонус, психолошки проблем, АДХД (нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание). И наместо да седите со него со учебниците, ноќ по ноќ – подобро би било да се обидете да го дефинирате, а потоа да го третирате вистинскиот проблем.

Премногу често, поради грижата за оценките, семејствата буквално се распаѓаат, односите се распаѓаат, родителите и децата се оддалечуваат, понекогаш и засекогаш. Психата на тинејџерите и онака е чувствителна, а месеците поминати во подготовки во различни институти и математички групи остануваат лош спомен за целото семејство: сите страдаат од нервоза и депресија, што предизвикува и хистерија, болест, па во некои екстремни случаи – дури и самоубиство.

Како да го избегнете целиот тој кошмар или барем да ги намалите последиците?

Потребно е насочување кон љубовта и безвремените вредности.

Запомнете дека за не толку долго време оценките и испитите ќе се изгубат од меморијата, а единственото нешто што ќе биде важно е дали сте ја зачувале блискоста, довербата, разбирањето, искрениот однос со вашето дете…

Затоа што можете да добиете петка, а да изгубите ќерка. Поминете ги сите напредни курсеви, запишете се на престижен факултет, но неповратно ја губите меѓусебната комплетност на врската.

Автор: Весна Смилјаниќ-Рангелов

Извор



912

X