Еден од поддржувачите на повиците за радикални промени во начинот на кој се работи со децата во образованието е Ранко Рајовиќ, автор на програмата за учење НТЦ која се спроведува во училиштата во 20 земји во светот.

– Прво ми стана јасно дека работите не се добри кога двете мои поголеми деца, Ива и Вук, тргнаа на училиште. Тоа беше учење напамет и тешко учење. Мораа да ја повторуваат лекцијата 2-3 пати и така неколку дена. Се тресеа кога одеа на училиште. Од самиот почеток им кажав дека не мора да ги имаат сите петки, важно ми беше да видам дека се труделе. И никој од нив не ги имаше сите петки. Добро се сеќавам на учителот Влада кога Ива беше четврто одделение, а тој ми рече: Дај, Ранко, да видиме што ќе правиме, таа ги има сите петки, само по математика има четворка… на што јас му одговорив дека ни случајно не треба да ѝ стави петка. Зачудено ме праша зошто. Па, затоа што таа знае дека не го заслужила тоа. Наставникот се двоумеше затоа што му беше жал да ѝ го расипе просекот, но на крајот остана четворката. Затоа што не заслужи петка и ѝ беше дадено до знаење дека таа четворка е нејзина. А не јас да трчам во текот на целото образование и да ѝ ги поправам оценките, како што прават некои родители – истакна Рајовиќ во српската емисија „Да сам ја неко“.

Зборувајќи за очекувањата што ги имал од своите деца кога станува збор за успех на училиште, Рајовиќ вели дека никогаш не барал од нив да ги добијат сите петки, туку само да се трудат.

– Секогаш им велев дека не мора да ги имаат сите петки, па ги немаа. Ниту еден од четворицата. Сите беа одлични ученици, завршија факултет, продолжија на магистерски и докторски студии. И сега кога гледам од таа перспектива, училиштето треба да биде место каде што децата ќе одат среќни, место што го сакаат, а не да се тресат од страв. Тогаш, всушност, почнав да размислувам како да им помогнам – објаснува Рајовиќ.

– Она што исто така е голем проблем во Европа е тоа што 10-15% од децата земаат лекови за концентрација. Тоа е метилфенидат кој се дава за АДХД. Некои од овие лекови се базираат на амфетамини. И што значи тоа? Па, ние му даваме дрога на детето за да слуша на училиште. Па, дали е тоа училиште? – прашува Ранко Рајовиќ и додава дека нешто мора да се промени.

– Но, тоа не е единствениот проблем. Вториот проблем е дека на меѓународните тестови Европа стагнира, додека Источна Азија секоја година е сè подобра. А ние, тврди Рајовиќ, сме под европскиот просек.

– Тоа значи дека ако образованието остане на ова ниво, немаме шанси. Кога зборувам за ПИСА-тестовите, некои велат -па, ПИСА тестот не е важен. За Германија тестот ПИСА е важен показател за развојот на земјата во иднина.

Рајовиќ вели дека во овој регион не можеме едноставно да ги копираме образовните модели на другите земји.

„Кинескиот модел е добар за Кинезите, финскиот модел за Финците. Мораме да развиеме сопствен модел, а не да копираме туѓи“, потенцира Ранко и додава: „За мене главната цел е да ја вратам смеата во училиште, да ги насмеам нашите деца. Големиот реформатор Јан Коменски рекол дека единствениот начин за успех на образованието е тоа да личи на игра. И на почетокот беше така. Денес, кога бараме од децата да напишат еден збор што го опишува училиштето – ниту едно дете нема да напише игра – заклучува Рајовиќ.

Извор



912

X