Иако почесто се носат како моден додаток, очилата за сонце ги штитат очите на вашето дете од силните ултравиолетови зраци на сонцето кои можат да предизвикаат проблеми подоцна во животот.

Како што објаснуваат експертите, децата што не носат очила за сонце се изложени на ризик од оштетување на кожата и очите бидејќи нивните очни капаци и кожата околу очите се почувствителни од кожата на возрасните.

Штетата од ултравиолетовите зраци се акумулира со текот на времето, па затоа експертите препорачуваат родителите што поскоро да почнат да им ставаат очила за сонце на децата, за да го намалат ризикот од развој на идни проблеми со очите, како катаракта и макуларна дегенерација.

Освен тоа, децата може да се соочат и со краткорочни физички несакани ефекти. Така, децата може да имаат црвени очи и дамки наречени „птеригиум“, неканцерозна лезија која се јавува во окото поради долгорочно изложување на ултравиолетовата светлина. Децата може да развијат и фотокератитис или таканаречено „снежно слепило“. Ова се случува кога ултравиолетовите зраци се рефлектираат и предизвикуваат привремено губење на видот.

Кога треба детето да почне да носи очила за сонце?

Бебињата помали од 6 месеци не треба да се изложуваат на сонце, а кога вашето дете ќе наполни 6 месеци, треба да почне да носи очила за сонце, велат експертите. Поголемите деца треба да носат очила за сонце кога се на сонце, а ако на вашето дете му требаат очила со диоптер, тогаш треба да носи очила за сонце со диоптер.

Извор



912

X