Игротека

„Димче Мирчев“ од Велес и годинава е избрана за најдобро украсена градинка

Изминативе десет дена ни поминаа во духот на празничната атмосфера што владее во градинките. Над 20 градинки од цела Македонија ни испратија фотографии од своите објекти.

Градинката „Димче Мирчев“ од Велес доби најмногу гласови од читателите, над 1,5 илјади лајкови, и е победник на изборот.

Навистина уживавме во атмосферата што ни ја пренесоа и се воодушевуваме на прекрасните креации што ги направиле вработените во градинките за да им ги развеселат празниците на нашите најмили. Им благодариме на сите што ги отворија своите врати за нас и ни дозволија да бидеме дел од тој магичен свет.

Ви посакуваме среќни празници!

Во продолжение можете уште еднаш да ги погледнете фотографиите:

Новогодишната атмосфера во градинката „Димче Мирчев“ во Велес

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top