Секоја вечер мајките си легнуваат исцрпени и свесни дека следниот ден ќе треба да поминат низ истото. Сепак, не е неопходна посебна мотивација за извршување на мајчинските обврски – доволен е еден поглед кон детето за да се разбере смислата на секоја задача. Со ова се согласуваат сите мајки на светот кои искажаа мудри мисли за најважниот аспект од нивниот живот – мајчинството. Прочитајте ги овие духовити и мудри цитати за мајчинството.
– Донесувањето одлука да имате дете е важно. Тоа значи да се донесе одлука вашето срце засекогаш да биде надвор од вашето тело – Елизабет Стоун.
– Да се чисти куќата додека се децата внатре е како да се чисти снегот додека сè уште паѓа – Ерма Бомбек.
– Мајчините раце се поутешни од кои било други – принцезата Дијана.
– Лудилото е наследно. Го добивате од вашите деца – Сем Левенсон.
– Мајчинството е експеримент за тоа колку долго телото може да функционира без сон и грижа, поттикнато исклучиво од адреналинот, кофеинот и насмевката на бебето – непознат автор.
– Мајката секогаш мора да размислува двапати: еднаш за себе и еднаш за своето дете – Софија Лорен.
– Мајката е личност која кога ќе види дека останале само четири парчиња торта, а се присутни петмина, брзо коментира дека воопшто не јаде торта – Тенева Џордан.
– Да се биде мајка значи да научиш за силата што не си знаела дека ја имаш и да се справуваш со стравови за кои не си знаела дека постојат – Линда Вутен.
– Запомнете дека зад секоја успешна жена се крие корпа со валкани алишта – непознат автор.
912