Додека известувал во живо, Даг Камерере, главниот метеоролог на „Ен-би-си Вашингтон“, сфатил дека според извештајот на Националната метеоролошка служба, торнадо се наближува во Мериленд и оди кон неговиот дом. Затоа, тој веднаш го извадил својот мобилен телефон и му се јавил на семејството.
– Морам да ги предупредам моите деца бидејќи знам што прават во моментов. Веројатно играат игри и не го гледаат ова – им рекол тој на гледачите.
Откако го добил синот на мобилен, Камерер веднаш му објаснил за ситуацијата и му рекол да остане на безбедно место.
912