Годината што одминува ја обележаа многубројни родителски трикови. Корисни совети кои помагаат во олеснување на секојдневието и во следните години. Еве кои вирални трикови беа најпопуларни.
Трик поради кој мајките што дојат повеќе нема да плачат за истурено млеко
Корисничката на „Тик-ток“ Ешли Њутон споделила едноставен, а одличен трик поради кој многумина се запрашале како на тоа никој порано не се сетил. Таа во шишенцето во кое се измолзува става вреќичка за млекото и потоа по завршената работа ја вади и ја затвора.
Како да се постави автоседиште за детето колку што е можно поцврсто?
Ова беше еден од најбараните родителски совети во 2021 година. Видеото ја прикажува Јони, мајка и техничар за безбедност на децата со сертификат, како го поставува автоседиштето за да биде цврсто.
Трик поради кој родителите веќе не стравуваат кога на децата им даваат мобилен в рака
Малечките прсти лесно се разигруваат и на паметниот телефон прават неред. Освен што може некому да се јават, децата понекогаш случајно испраќаат неразбирлива порака на вашиот надреден или клиент. Постои начин да се спречи тоа и токму затоа трикот станал хит помеѓу родителите што поседуваат „ајфон“. Постои начин да ја задржите контролата над својот телефон дури и кога тој се наоѓа во рацете на вашето дете.
Трикот „готвено јајце“ открива дали треба да се побара помош ако детето ја удрило главата
Да се препознае дали на детето му треба медицинска помош кога ќе ја удри главата е многу едноставно со помош на еден трик. Австралиски медицински сестри кои стојат зад веб-страницата „Си-пи-ар кидс“ велат дека ако испупченоста на главата е цврста како сварено јајце и не е проследена со поспаност, повраќање или чудно однесување, детето може да се врати на играта. Меѓутоа, ако испупченоста е мека, мора да посетите лекар што е можно побрзо.
Баба споделила трик со кој се служи за никогаш да не го заборави внукот во автомобилот
Сè почесто слушаме приказни на родители кои ги заборавиле децата во автомобилите. Тоа може да му се случи на кого било, а последиците може да бидат кобни, особено во текот на горештините во летните месеци. Децата се неверојатно чувствителни на топлина и затоа мерките како паркирање во ладовина и оставање отворен прозорец не значат дека нема да се случи трагедија. Бабата Кристи Вилсон одлучила да сподели трик со кој се користи за да не го заборави внукот на задното седиште. Таа вози само со еден чевел. Кога се паркира, излегува од автомобилот полубоса, па ја отвора задната врата каде што во автоседиштето покрај нејзиниот внук се наоѓа другиот чевел.