Порано облекував мал фустан, ја бакнував мајката по носето и излегував навечер со малечка чанта околу рамото. Ќе се упатев кон Менхетен, ќе наздравував со моите пријатели и ќе поминував часови и часови со нив пред да влезам во такси и да се вратам дома во доцните часови. Уживав во слободното време!

Овие денови среќна сум ако еднаш или два пати во месецот, успеав да го закопчам својот голем фустан, да ја поздравам дадилката и да се возам во автомобил без моите три деца седнати на задното седиште. Ако поминам неколку часови во шопинг сама, наидам на пријател и се движам по улиците од предградието, во потрага сум по часа розе вино испиено на мира. Знам дека заслужувам пауза. Социјалните медиуми ми го кажуваат тоа, мајка ми ми го кажува тоа, дури и мојот сопруг, секогаш ме охрабрува на тоа (преморен и самиот од работа). Оди на маникир, оди во клубот за книги, земи си час пауза и испиј си топло кафе сама. Но, реалноста? Луѓето во неа? Понекогаш имам чувство како секој да сака да ме гледа заглавена дома. Во мојата мајчинска кутија. Униформа од стара маица и панталони, движејќи се низ матните денови на мајчинството. Поспецифично, мајчинство на мали деца. Шишенца и пелени, ноќни приказни, спремање вечери. Кратките, слатки години кои ги сакав толку многу поминаа. Некогаш се будам во ладна пот од сон во кој моите деца се пораснати и ме одбиваат. Некогаш ги наводенувам нивните главчиња дури и пред да се освестам дека солзи ми течат по лицето…замислувајќи какво би било чувството да ги изгубам заради адолесценцијата и подоцна во возрасниот живот.

Сериозно. Сакам да имам деца дома толку многу што прави да замислувам иднина во која не се веќе тука. Ги прегрнувам и го прифаќам хаосот за да уживам во секој момент со нив. Но исто така…ми треба пауза. И во последно време, изгледа дека секој пат кога ќе излезам без децата, се среќавам со истото критикување кое немам потреба да го слушам.

„Каде се децата?“

Со топла насмевка велам: „Мојот сопруг е дома со нив“, или „Ги чува дадилка“, или сеедно! Но, сакам да сум искрена. Не чувствувам дека должам некому објаснување каде се моите деца! Како прво, тие имаат и друг исто толку способен родител со кој може да бидат. Второ, знам дека не сум единствената мајка во историјата која вработила дадилка кога треба да излезе од домот. Во моменти кога се потенцира силата на жената, борбата на жените за еднаквост, зошто по ѓаволите се уште прашуваме каде се децата секој пат кога мајката ќе излезе од дома. Обвинувачки е. Сметам дека е критика. Осудување дека сме себични. Дека не постапуваме правилно.

Можеби не е така наменето и длабоко навлегувам во тематиката. Но, знам дека не сум сама секој пат кога ме вади од такт таквото прашање. Можеби на мајките само им треба малку пауза. Можеби треба секој да си се грижи за тоа каде се неговите сопствени деца. Можеби фактот дека сум без моите деца значи дека ќе ги наполнам своите батерии за да можам да се вратам на секојдневните обврски смирена. „Каде се твоите деца?“ не е невин начин да се праша тоа. Ако сте заинтересирани како се децата и што прават, така и прашајте. Но, таа импликација дека моето излегување од дома е напуштање, задржете го за себеси. Можеби не сум веќе млада и слободна, можеби не носам високи потпетици и фустани, но се уште сум жена. Дел од мене, се уште е индивидуа со свој идентитет и страсти надвор од светот на своите деца. Понекогаш, таа жена треба да излезе сама од својот дом.

Драго ми е што се грижите за моите деца и се надевам дека се грижите и за мене. Но, направете ми услуга следниот пат кога ќе ме видите без нив и прашајте ме како сум и што ми се случува во последно време. И се разбира, може да зборуваме за моите деца! Би сакала да кажам што е ново во врска со нив. Но, бидете љубезни и верувајте ми дека моите деца се во добри раце, иако тие раце некогаш не се моите. Почитувајте го моето право на МОЕ слободно време. Оставете ме да почувствувам, барем на еден час, радост и мир од слободен простор само за себе. И ве молам, не ме прашувајте каде се моите деца.

Автор: Џени Студенрот

Извор



912

X