Годината што помина донесе многу предизвици. Дел од родителите мораа да работат од дома поради коронавирусот. Згора на тоа, и нашите деца останаа дома. Како резултат, повеќето од нас имаа слични моменти како таткото што гостуваше на Би-би-си, а неговото дете го прекинуваше. Но, постои разлика помеѓу дете што го прекинува зум-состанокот и дете што го прекинува преносот во живо за временската прогноза. Ова ново видео стана вирално токму од тие причини.
Метеорологот Демитриј Ајвори, кој е татко на близначки, работи и го снима презентирањето на времето од дома. На видеото се гледа како тој ги презентира најновите информации за времето кога едно од девојчињата се појавува на екранот. Се чини дека е несвесно или едноставно не му е грижа што таткото работи и е на телевизија.
Тој дава сѐ од себе за да ја игнорира кога му влегува во кадар. Но, таа е упорна и на секое вели „тато, тато, тато“ за да му го привлече вниманието. Демитриј се врти кон неа и ѝ вели: – Види, на телевизија си – надевајќи се дека ќе го остави да заврши. Но, девојчето гледа во камерата, а потоа повторно во татко си и вели дека сака да гледа цртан.
Ова не е првпат девојчињата да го прекинат Демитриј во неговата работа. Во април 2020 година Ерин, сопругата на Деметриј, објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа дека го прекинуваат додека е на телевизија во живо.
@jvbadoe42 ?? #newsfail #newsfunny #funnynewsclips #funnynews #fyp
♬ original sound – Joel B.
912