Како родител, важно е да се вложи труд за да се запознаат другарите на вашите деца. Како што растат вашите деца, така тие сè повеќе ќе си го формираат животот надвор од домот со своите нови другари. Тоа е промена, но тоа сепак се вашите деца. Ваша задача е да се уверите дека тие се дружат со вистинските луѓе и да не им вршите притисок.

Запознавањето на другарите на вашите деца може да биде и забавно. Не значи дека треба да знаете сè што се прави во нивната група. Другарчињата на вашите деца може да станат дел од вашето семејство и луѓе кои ќе ги познаваат долго време. Да ги гледате како растат е навистина голем подарок. Прочитајте неколку совети за тоа како подобро да ги запознаете другарите на вашите деца на суптилни начини.

Понудете го домот за дружење

Ако имате простор и трпение, понудете го домот за дружење. Ако вашето дете е дома и му дојдат другарите, вие ќе согледате за што зборуваат и ќе им ги запознаете карактерите. Тоа ќе ве чини малку разум и ужини, но ќе знаете што се случува. Што и да направите, не бидете чудни и не прислушувајте ги децата. Едноставно, бидете нормални.

Зборувајте со нив

Поставувајте им прашања со кои можете подобро да ги запознаете – кои се нивните омилени предмети на училиште, омилени филмови. Секогаш покажувајте почит и бидете љубезни, па прашајте ги како се и слушајте ги внимателно нивните одговори. Начинот како ќе ви одговорат треба да ви каже многу за тоа дали тие се чувствуваат пријатно околу вас.

Возете ги сите наоколу

Ако сте навистина љубопитни за активностите на децата и нивните другари, волонтирајте за развозување. Кога ги возите децата на различни активности, ќе слушнете сè и сешто од нив. Тие ќе се смеат, ќе зборуваат, па вие ќе видите многу од нивното однесување.

Запознајте ги нивните родители

Нема подобар начин да го запознаете детето од тоа да ги запознаете и неговите родители. Можете да го поканите целото семејство на вечера или на дружење. Бидете проактивни во формирањето однос со нив и не чекајте премногу. Имајте на ум дека другите родители исто така се обидуваат да ве запознаат. И тие ги имаат истите прашања, па бидете отворени и искрени.

Не обидувајте се да се вклопите

Најмалку што треба да направите во вакви ситуации е да се обидувате да се вклопите во „друштвото“. Тоа само ќе го засрами вашето дете. Дајте им на децата простор, во зависност од нивната возраст и само стојте „одзади“ на училишните настани или други моменти. Тие ќе го ценат тоа особено кога ќе бидат тинејџери, со што им давате простор да стапат во интеракција со своите другари.

Зборувајте за грижите и очекувањата

Ако наидете на нешто што ве загрижува во врска со другарите на детето, кажете му го тоа. Бидете искрени иако тие можеби нешто нема да сакаат да слушнат, но мора да го слушнат. Ако мислите дека нивниот другар не е најдобар за нив, зборувајте. На пример, ако вашето дете станало другар со дете што постојано е во неволји на училиште или дома, кажете му на детето дека не треба да го прави тоа што го прави. Може да биде другар со тоа дете, но мора да биде одговорно. Потребата од отворена комуникација е секогаш добредојдена во вакви случаи. Исто така, учете го детето да биде добар другар.

Автор: Лариса Марули

Извор



912

X