Мишел Велучи Вамес е новинарка и мајка на две момчиња и како што самата вели, личност која не знае како да си помогне во криза. Соодветно на тоа, најчесто се случува да биде анксиозна во различни ситуации.
Неодамна, размислувајќи како да си го поедностави животот, таа зацртала 10 остварливи цели што ќе им помогнат на мајките полесно да се справат со обврските и очекувањата.
– Издвојте 90 секунди за конечно да го отстраните преостанатиот лак од последниот педикир што го направивте некаде пред летото. Порака: мора да најдете време за себе, и покрај сè!
– Купете си ги омилените слатки и јадете ги на паркингот додека сте сами во автомобилот.
– Заборавете на онлајн-купувањето! Наполнете ја кошницата со облека што всушност нема да ја купите. Бидејќи, еден ден ќе имате време да одите на вистински шопинг, без деца, и ќе ја купите пробаната облека.
– Седнете во тоалетот и добро исплачете се.
– Испланирајте излегување со другарките. Но, мора да испратите порака порано во текот на денот, најдобро би било наутро, за да не дојдете во искушение да најдете изговор за останување дома. Договорот не смее да се прекрши.
– Престанете да читате статии за тоа зошто треба да користите крем за лице каков што препорачува некоја славна личност. Наместо тоа, гледајте стар филм.
– Сонувајте. Слободно претерајте. Замислете си свет во кој никогаш повеќе нема да мора да гледате цртани.
– Земете шрафцигер и извадете ги сите батерии од секоја играчка што зборува, пушта музика или прави некој друг звук. Терапијата со тишина мајките ја ценат најмногу од сè. Правете се зачудени кога вашето дете ќе ви каже дека неговите играчки престанале да работат. Ветете дека ќе се обидете да ги поправите… Подоцна.
– Бидете повеќе како робот од продавница кој всушност ништо не прави. Поточно, наредниот пат кога некој нешто ќе истури на подот, само викнете: „Внимание! Откриена опасност!“ и почекајте некој друг да дојде и да го исчисти нередот.
– Јадете ги остатоците од јадењето на вашите деца без чувство на вина!