Добро е познато дека децата понекогаш имаат испади на бес поради прилично неочекувани работи. Родителите треба да ги смират и да ги научат како да се соочат со емоциите кои можеби не знаат како да ги изразат на друг начин.

Но, Ејми Мари Херман ја интересирало како нејзината двегодишна ќерка ќе реагира кога ќе ги заменат улогите. Таа одлучила да се однесува како дете и да ги сними нејзините реакции.

– Крајот е пресладок – напиша Ејми на видеото што го објави на својот инстаграм-профил.

На почетокот одлучила да ја истури водата од чашата. Нејзината ќерка седи мирно крај неа, ја набљудува и ја прашува: – Што се случи?

Потоа, се преправа дека е лута, па ќеркичката дојде да ја утеши и да ѝ даде своја играчка.

На самиот крај мајката одглуми дека е вознемирена затоа што не може да ја стави фигурата на даденото место на играчката.

– Немој. Во ред е. Гледаш дека не оди. Одлична работа, мамо. Ти си најдобра пријателка – ѝ вели ќеркичката, обидувајќи се да ја смири.

Видеото стана вирално, а оние што го погледнале ѝ честитаа на мајката за воспитувањето бидејќи девојчето се однесува онака како што родителите реагираат кога ќе се најдат во иста ситуација.

Извор



912

X