Само 1 отсто од луѓето можат да пишуваат со две раце, нешто што е наречено амбидекстрија. И нормално е родителите да бидат загрижени кога ќе забележат дека нивното дете пишува со двете раце. Ова не значи ништо лошо, но кажува многу за вашето дете.

Децата што имаат амбидекстрија:

Можат повеќе да влијаат врз сопственото расположение

Овие деца можат лесно да преминат во друго расположение под притисок на нивната околина. Оваа идеја била потврдена по експеримент спроведен од група научници. Во него, оние што пишувале со две раце и оние што пишувале со десна рака биле замолени да помислат на тажни, среќни или мисли што предизвикуваат вознемиреност додека слушаат класична музика. Како што покажале резултатите, оние што пишувале со две раце имале поголема веројатност да го променат начинот на кој се чувствувале пред да заврши експериментот.

Ги гледаат работите на поинаков начин

Истражувачите сметаат дека овие луѓе можат да гледаат и да учат работи на различен начин поради синестезијата. Тоа е состојба што ги тера луѓето да имаат поврзани сетила. Ова значи дека тие можат да видат звуци, да почувствуваат зборови или допир на нивната кожа кога ќе мириснат нешто. На пример, еден редит-корисник вели дека може да го прочита зборот „љубопитен“ и да го почувствува вкусот на морков во неговата уста.

Добри се во уметноста, музиката и спортот

Децата родени со амбидекстрија се подобри во спортот, уметноста и музиката. Затоа е важно да се внимава на оваа состојба и на развивањето на вештините. И некои од познатите личности имаат или имале амбидекстрија: Луис Керол, Том Крус, Леонардо да Винчи и Никола Тесла.

Лесно може да им се одвлече вниманието

Според едно истражување, децата што имаат амбидекстрија имаат поголема веројатност да развијат АДХД и имаат тешкотии со концентрирањето. Важно е да се обрне внимание на активностите на децата, така што ќе им се даде поддршка на млада возраст.

Побрзо учат

Според едно истражување, децата со амбидекстрија можат побрзо да научат нешто, имаат отворен ум и се поефикасни од другите деца. Ова е така затоа што нивниот мозок нема доминантна атмосфера, за разлика од мозокот на другите деца.

Ако вашето дете има амбидекстрија, не треба да се плашите, но треба да внимавате на некои карактеристики што доаѓаат со неа.

Извор



912

X