Игротека

Од 0 до 24 часот пижама-забава. Понекогаш не стигнувам ниту да ставам дезодоранс

Отворивме и картинг-патека (Големата награда на малиот стан), поправаме автомобили, редовно ги миеме. Ги храниме пластичните животни. Баш пред некој ден жирафата и слонот вечераа палента…

Како ја преживува самоизолацијата со тригодишниот син, пишува Џана Которман, актерка, радио и ТВ-водителка од Хрватска.

3К! Корона! Карантин! Куршлус!

Откако заврши снимањето на популарната серија „Второто име на љубовта“, јас сум во карантин. Овие две недели откако сум дома од станот излегов само два пати, по диоптриски очила кои баш сега кога не треба Лукас ги искрши и морав да земам нови и кога бев ручек со стариот. Тоа е тоа. Нема престапки, нема грешки во чекори. Нема снимање, позитивна трема, учење текст, возбудување, кафе со пријателките, шопинг, лудории со Лукас во паркот, шетање на плоштад, чувство на слобода, нема безгрижност… Дарио и Лукас повремено на 15 минути се спуштаат пред зграда, малку на воздух. Ги следам тие несреќни корона-бројки. А да не го заборавам земјотресот. Ужас!

Знам дека на повеќето мајки што сме дома со децата секој ден ни е ист. Од 0 до 24 часот, „пижама-забава“. Понекогаш не можам ниту да се намачкам со крем ниту да ставам дезодоранс. Искрено, не можам. Баш некоја чудна фаза. Животен пресврт за 360 степени. Фаза карантин. Од другата поубава страна на медалот, Лукас баш сега почна да зборува како возрасен. Би било супер да може да игра со екипата од градинка, со другарите од паркот или да го лови кучето на соседот. Ловењето во моментов се сведува на „улови ме, улови ме за пелена или за бањање“.

Но, сега ситуацијата е различна, сериозна. На почетокот од карантинот се плашев дали добро и квалитетно ќе се забавуваме за да ни помине времето во 4 ѕида. Еден куп родители ја имале истата ситуација. Бидејќи сликовниците и приказните се сите прочитани, децата напамет ја знаат секоја буква. Па и цртаните. Ние деновите ги поминуваме играјќи „дама“. Со самолеплива хартија наместо со креда направивме куќички за „дамата“, плочката за шарање со креда ни е прошарана и Лукас е редар кој треба да ја избрише плочата. Имаме и изолир-лента за автомобилите, тунел, мешаме сè што може да се меша, месиме тесто за пица. Отворивме и картинг-патека (Големата награда на малиот стан), поправаме автомобили, редовно ги миеме. Ги храниме пластичните животни. Баш пред некој ден жирафата и слонот вечераа палента. И така. Главно – снајди се другарче.

фото: Фејсбук/Џана Которман

Мајки и татковци. Свртете ја ситуацијата. Искористете ги овие денови и бидете со децата, уживајте, лудувајте, глупирајте се, заедно наместете ги орманите и многу галете се, бидејќи времето не можеме да го вратиме. Ова е сега и никогаш повеќе. Направате „спин“ на короната. Карантинот ќе помине. Кога веќе не можеме да ја избегнеме, ајде да ја паметиме по убавите спомени со нашите деца. Нема врска што се од ентериерот. Тоа и така не е важно. Главно е дека сме со нив. Издржете. Останете дома!

Автор: Џана Которман

Извор

Поврзани написи

To top