Зои Саливан (41) и нејзиниот сопруг Бен (44) сакаат да го прошират своето големо семејство иако најмалиот син Џозеф се родил пред само 16 месеци. Зои се заколнала дека ќе има многу деца ако може.
– Мислам дека немам копче за доста. Сакам да продолжам. Убаво е да се има ново бебе. Секое од нив е посебно. Сите се неверојатни. Не можам да дочекам да имам уште едно малечко. Ако имаме и 12-то бебе, немам поим каде ќе спие. Но, секогаш успеваме да најдеме простор – вели мајката.
Нејзиниот сопруг изјавил: „Сакавме да продолжиме. Таа би имала и 20 деца. Супер е, но мислам дека ова ќе ни биде последно“. Тие имаат дом со четири спални соби во Шкотска и живеат со ќерките Елизабет (14), Оливија (13) и близначките Шарлот и Изабел (11). Ева има 8 години, близначките Леа и Ерин имаат по 3, Агнес има 2, синот Ноа 10 години, Тоби има 6, а последниот Џозеф е на возраст од 16 месеци.
Како изгледа еден нивен ден?
4.45 – Зои станува и се тушира
5.15 – Ја пушта првата машина за перење и им пакува ужини на децата
5.30 – Се будат најмалите
6.30 – Сите појадуваат
7.15 – Зои и Бен расчистуваат, а Бен ги мие садовите
7.30 – Сите деца се мијат и се облекуваат
8.00 – Зои им ја средува косата на постарите девојчиња
8.20 – Најстарите деца заминуваат на училиште
8.35 – Зои ги носи најмладите во градинка9.10 – Зои ги пружа алиштата и пушта втора машина
9.30 – Домашни обврски
10.30 – Зои игра со четирите најмлади деца
11.30 – Ручек
12.30 – Зои ги носи близнаците во градинка
12.45 – Зои оди да купува намирници
Зои и Бен велат дека децата сакаат да имаат мал брат или сестра. Но, уште еден таков додаток би чинел многу повеќе. Тие трошат повеќе од 280 фунти за намирници секоја недела, меѓу кои се и 4 литри млеко и кутија житарици на ден. Зои секогаш купува во локалната продавница и се обидува да заштеди пари. Ги чува носените алишта од постарите деца за подоцна да ги користат помладите. Исто така, ги насочува децата кон тоа да ги делат своите играчки.
Но, сето ова за неа е голем предизвик, особено затоа што денот и почнува во 4.45 наутро.
Фото: Сан
Како изгледа списокот за купување?
– 7 пакувања со млеко
– 7 кутии со житарици
– 9 ролни тоалетна хартија
– 21 векна леб
– 2 пакувања тестенини
– 2 големи коцки кашкавал
– 3 најголеми пакувања пилешко
– неколку пакувања готвена шунка и подготвено пилешко
– 4 замрзнати пици
– 7 литри јогурт
– 3 кутии замрзнато похувано пилешко
– најголеми пакувања шампони и регенератори
– пакување од 21 таблета прашок за перење
– пакување таблети за машина за садови
Зои и Бен се надополнуваат. Додека таа ја пушта машината, Бен го подготвува појадокот. Што се однесува до фризурите на девојчињата, Зои вели дека се одлучува за наједноставните – собирање на косата во опавче. „Секој ден е истата рутина и тоа е клучното. Сите знаат што треба да се прави и се држат до тоа. Поминуваме многу време заедно како семејство и сите се согласуваат меѓусебно. Децата секогаш имаат некој со кого си играат“, вели Зои.
Поради многуте обврски, се случува често родителите да не јадат до 20 часот навечер. „Понекогаш остануваме до 23 часот навечер, но потоа се чувствуваме ужасно следниот ден, бидејќи сме премногу изморени“.
Зои верува дека справувањето со многуте обврски ќе дојде до „природен“ крај. Таа вели: „Ќе дојдеме до точка кога ќе се чувствуваме премногу стари. Бебињата додаваат притисок на сето тоа“.
Автор: Стјуарт Патерсон