IThink успешно заврши второ одделение. Ова е втора година како една нова генерација од 60 деца сериозно го прифати предизвикот да биде дел од сега веќе препознатливата IThink, во која низ петте модули одблизу ја демистифициравме технологијата
IThink е прва воведна Академија за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија. Претставници на Seavus едукативниот и развоен центар, инаку основач на академијата велат дека настанот на кој беа доделени дипломите за втората генерација е едно прекрасно заокружување на една возбудлива година полна со успеси и незаборавни моменти реализирани благодарение на децата и нивните ментори.
„IThink успешно заврши второ одделение. Ова е втора година како една нова генерација од 60 деца сериозно го прифати предизвикот да биде дел од сега веќе препознатливата IThink, во која низ петте модули одблизу ја демистифициравме технологијата. Нивните предходници, пак, напредната IТhink, ни покажаа како се крои модерна и функционална веб-страницаа. Бидејќи бевме вредни и супер кул цела година, денес славиме и добиваме дипломи!“ , вели Весна Иваноска, генерална менџерка на Seavus едукативен и развоен центар.
Оваа година за прв пат во јавноста се појавија и главните носечки ликови, маскотите на IThink Академијата, роботите Тино и Тинка кои официјално ги доделија дипломите на настанот.
„Комбинацијата на модули е наше уникатно дело, а внатре секој од модулите комбинира конкретни стандардизирани препознатливи методологии, како на пример Микрософтовите програми за деца, потоа специјализирани софтверски алатки за дизајн и програми и хардверски сетови (роботи) за роботика и уште многу други изненадувања“ велат од IThink, а за сите заинтересирани кои сакаат одблизу да се запознаат со програмата и условите во кои учат децата најавен е настанот IThink Open Day • Запознај се со IThink на 3 јули во 17:00 часот. Повеќе за истиот можете да прочитате на следниов линк: https://www.facebook.com/events/1259646647471713/
912