Замислете сала полна со стотици родители, детски психолози, педијатри и стручњаци кои на 17 и 18 октомври се собраа на едно место, подготвени да ги преиспитаат своите досегашни сфаќања, да научат нешто ново и да ги погледнат своите деца низ сосема поинаква диоптрија.
Токму ваков моќен пример ни доаѓа од Романија, каде што се одржа големиот ParentED Fest настан кој донесе искрени разговори, солзи, инспирација и силни моменти на препознавање. Настанот беше вистински потсетник дека зад секое родителско патување стои еден обичен човек кој учи и се развива со текот на времето.
Четири светски признати имиња од областа на детската психологија и воспитувањето беа дел од овој настап: Џесика Џоел Александер, Ерика Комисар, Алфи Кон и Изабел Филиоза. Нивните перспективи ги предизвикаа присутните, ги допреа емотивно и им дадоа многу материјал за размислување.
Овој настан покажа нешто клучно: не се собираме за да станеме совршени родители кои никогаш не грешат, туку за да научиме како вистински да бидеме присутни за нашите деца, но и за самите себе.
Дали би присуствувале на еден ваков настан кај нас?
Овој прекрасен пример од Романија ни отвора едно важно прашање: Како да учиме повеќе и да бидеме поддршка едни на други како родители?
Воспитувањето не е нешто што го знаеме инстинктивно од првиот ден. Тоа е процес што бара отвореност, едукација и постојана размена на искуства.
- Дали сметате дека и кај нас има потреба од вакви големи конференции, собири и работилници каде што родителите отворено би разговарале за своите предизвици без страв од осуда?
- Кој е вашиот омилен начин за стекнување нови родителски знаења, книги, стручни статии, поткасти или разговори со пријатели?