Романтичните врски честопати со себе носат обрасци од детството. Два фундаментални стравови што ги внесуваме во возрасните врски се присутни дури и пред да го напуштиме домот. Едниот од нив станува примарен, додека другиот останува во заднина, а изборот на партнер често го одразува овој секундарен страв.
Според терапевтот, советник и психолог Пол Дунион, двата страва што ја обликуваат речиси секоја романтична врска се:
-Страв од напуштање – губење на сакана личност.
-Страв од губење на себеси – чувството дека сопствениот идентитет исчезнува.
-Овие стравови се развиваат во семејства кои имаат тенденција кон прекумерна приврзаност или дистанца. Во семејствата со прекумерна приврзаност, границите се тенки, акцентот е на заедништвото и задоволувањето на другите, па затоа децата подоцна во врските честопати го носат стравот од губење на себеси или од тоа да бидат напуштени. Во оддалечените семејства вредностите се засноваат на независност и слобода, а возрасните деца од такви средини можат да го носат кој било од овие два страва во врските – или копнеж за приврзаност или страв од губење на својот идентитет – објаснува Дунион.

Додава дека во врските, овие стравови можат да се појават во многу форми.
-Понекогаш едниот партнер бара постојана блискост, додека другиот нагласува граници. Во други случаи, двајцата партнери може да го делат истиот страв – или од напуштање, што доведува до недостиг на индивидуалност и поврзаност, или од губење на себеси, што резултира со голема дистанца – истакнува терапевтот.
Процесот на лекување вклучува учење здрави граници кои не се ниту премногу слаби ниту премногу ригидни.
– Оние што го носат стравот од напуштање треба да развијат одговорност за сопствената среќа и да создадат дополнителни извори на поддршка. Оние што го носат стравот од губење на себеси треба да научат како да одржуваат емоционални граници без да се дистанцираат и да ја прифатат потребата на партнерот за поврзаност. Рамнотежата се постигнува преку граници кои обезбедуваат сигурност и овозможуваат искрена комуникација и љубов – заклучува Дунион.