Дали може тримесечно бебе да помине двонеделно зимување на планина чија надморска височина е околу 2.000 метри?
Не е многу препорачливо малите бебиња да престојуваат на прилично голема надморска височина, далеку од нивното живеалиште.
Реткиот воздух и екстремниот студ се вообичаени на планина со таа висина во овој период од годината. Воздухот е чист, но и ладен. Тоа значи дека бебето нема да има никаква придобивка доколку поголемиот дел од времето го поминува во хотелска соба или апартман. Ако излезе надвор, родителите ќе го облечат во скафандер и по некое време ќе го стават во количка.
Треба да размислите и за здравствениот аспект на зимувањето. Веројатно бебето ќе биде добро. Но, ако нешто се случи, мала е веројатноста да добиете вистинска педијатриска нега надвор од поголемите градови. Тоа значи: бебето во автомобил и дома.
Од строго медицинска гледна точка, на бебето може да му се обезбедат соодветни услови на планина, но подобро е да се избере планина на помала надморска височина (околу 1.000 метри).
912