Класичен семеен проблем: одите да го исклучите телевизорот, а вашето дете ви плаче и ви вели: „Уштеееее 5 минути“, „Уштееее една епизода“, дури и откако сте рекле не. Сигурно ви е полесно да попуштите наместо да се справите со уште еден тантрум.
Што треба да направите?
Иако одобрувањето уште 5 минути може да го реши вашиот проблем во моментот, тоа ги учи децата дека можат да ги поместат границите и на тој начин да го добијат она што го сакаат. Ова е само еден пример на вообичаени фрази што им ги кажуваме на нашите деца, а кои ненамерно може да доведат до разгалено однесување.
Еве кои други фрази треба да ги избегнувате.
„Добро, ама само еднаш“
Ако на детето му кажете не кога ви бара бонбони во продавница, што ќе се случи ако продолжи да ви бара?
– Ако попуштите, покажувате дека вашите граници се флексибилни и можат да се пробијат со доволно упорност. Со текот на времето, тоа ги учи децата дека ако притискаат доволно силно, на крајот ќе го добијат она што го сакаат – велат психолозите.
Наместо тоа, внимавајте кога ќе кажете не. Ако е нешто што не ви е важно, кажете да. Но, ако имате силно чувство во врска со тоа, држете се до вашиот одговор.
„Ако си добар, ќе ти дадам нешто“
Иако наградите имаат соодветно место, нивното постојано користење за управување со однесувањето може да ги натера децата да почнат да се однесуваат добро само за да добијат нешто. Алтернативно, треба да користите природни последици.
Кажете нешто како: „Заврши ја домашната и остани фокусиран. Сега ќе имаш повеќе време да си играш надвор ако го направиш тоа“.
Награди користете за поголеми достигнувања, како што е дете кое работи на подобрување на оценките.
„Ќе ти го дадам ова сега, но ако ми ветиш дека ќе се однесуваш добро подоцна“
Големи се шансите дека вашето дете нема да го исполни ветувањето бидејќи сега е сега, а подоцна е подоцна.
На пример, ако вашето дете одбива да се облече, кажете нешто како: „Ако се облечеш сега, тогаш ќе имаме време да играме пред училиште“.
„Не мора да го правиш тоа ако не сакаш“
Ако ја користите оваа фраза за да им овозможите на децата да се откажат од одговорност, како што се домашните обврски, тоа не ги учи на одговорност.
„12 пати ти реков да го направиш тоа“
Ако му кажете на вашето дете да направи нешто 12 пати, вие го тренирате да ве игнорира 11 од 12 пати. Ако не слушнале првиот пат, потребно е да го имате целото нивно внимание така што ќе воспоставите контакт со очите, па дури и ќе ја ставите раката на нивното рамо.
912