Игротека

Преслатко видео: Првата смеа на малото момче ја воодушевува неговата мајка

Првата вистинска смеа на детето е прекрасен и незаборавен момент за родителите, а ова вирално видео го покажува тоа совршено.

Мајката Џулија Меј Дориети го снимила првото смеење на нејзиниот син и го споделила на „Тик-ток“, а многумина се воодушевени од смеењето на момчето.

Таа открила и како го насмеала – зела најлонска кеса додека подготвувала ручек, а звукот веднаш го развеселил синот.

-Се обидував да направам врап за ручек и тој мислеше дека кесата е најсмешното нешто досега – напишала мајката на објавата.

Извор

Поврзани написи

To top