Има многу правила кои членовите на кралското семејство мора да ги почитуваат и според нив да се однесуваат… Правилата се смислени многу одамна. Овие правила генерално немаат никаква врска со модерното време и модерниот живот.

Британското кралско семејство посветува големо внимание на правилата и ретко отстапува од нив. Едно време принцезата Дијана прекршила некои од правилата кои првенствено се однесувале на воспитувањето на децата, па некои ја гледале со презир поради тоа, а други ја идолизирале. Тоа било едно од оние правила што ја изненадиле јавноста која не се согласува со ова…

Имено, следната година тие правила ќе ги разделат принцот Џорџ (11) и принцезата Шарлот (9), кои се многу блиски и имаат голема приврзаност и убава врска. Кога принцот Џорџ ќе наполни 12 години во јули следната година, тој повеќе нема да може да патува со својата сестра. Сето тоа е дел од планот да се обезбеди остварлива линија на наследување. Ако нешто му се случи на принцот Џорџ, наследникот на британската монархија, за време на патувањето, принцезата Шарлот, трета по редот за тронот, сепак ќе биде добро. Како и да се гледа на тоа, се чини дека се работи за малку морбидно правило. Но, Бакингемската палата е фокусирана на зачувување на таа линија на наследување и нема отстапување. Правилото не само што ги раздвојува братот и сестрата, туку принцот Џорџ нема ни да може да патува со својот татко, принцот Вилијам, кој е втор по редот на тронот. Принцот Вилијам го доживеал истото кога наполнил 12 години – повеќе не патувал со својот татко, кралот Чарлс III.

фотоизвор: Facebook/The Royal Family

Поранешниот пилот на кралот, Греам Лори, рекол дека принцот Вилијам и принцот Хари не секогаш биле разделени на начин како што се очекува да бидат принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

-Летавме сите четворица: принцот Чарлс, принцезата Дијана, принцот Вилијам и принцот Хари, додека принцот Вилијам не наполни 12 години. Потоа тој мораше да лета одвоено и можевме да летаме заедно само со писмена дозвола од нејзиното височество. Кога Вилијам наполни 12 години, тој вообичаено леташе со еден авион, а ние со друг – истакнал пилотот.

Можеби кралот Чарлс повремено ќе му дава слични дозволи на принцот Џорџ да патува со неговиот татко и сестра. Не е јасно со кого точно треба да летаат мајката Кејт Мидлтон и принцот Луис. Би било малку тажно да се помисли дека принцот Џорџ секогаш ќе патува сам. Патем, иако ова правило е прилично морбидно, има основи и во кралското минато. Имено, тројца членови на кралското семејство загинале во авионски несреќи. Сестрата на принцот Филип, принцезата Сесил во 1937 година и двајцата братучеди на покојната кралица – вујкото принц Џорџ и братучедот принц Вилијам – во 1942 и 1972 година, соодветно.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X