Воспитување

Трогателна глетка: Постар сосед дошол да му посака среќен прв ден во градинка на малечко девојче

Започнувањето во градинка е емотивно за децата, но уште повеќе за родителите. Мајката Меган Реј Кларк добро се држела додека таа и нејзината ќерка Кејт не излегле од домот да си одат кон градинката, а тогаш им пришол нивниот постар сосед Алберт.

83-годишникот ја прегрнал малечката Кејт и ѝ посакал среќа во новото животно поглавје. Мајката била трогната од тоа, па го снимила моментот со својата камера и го споделила на „Тик-ток“, каде што собрала 2,1 милиони прегледи.

Watch on TikTok

-Нашата ќерка денеска тргна во градинка и јас бев добро додека не дојде нашиот сосед да ја поздрави – напишала Кларк.

Заедно со видеото, мајката додала и неколку фотографии на кои Алберт ја држи Кејт кога таа била бебе, за да покаже дека се блиски од нејзиното раѓање.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top