Мајките на бебиња до една година во Белград имаат посебни поволности кога станува збор за паркирањето, а наскоро овој систем ќе работи уште полесно – ќе биде достапна апликација за електронско издавање на „Беби паркинг-билети“.

Родителите на бебиња до една година добиваат бесплатни билети, кои овозможуваат 30 часа паркирање на автомобил во сите паркинг-зони.

Засега еден „Беби паркинг билет“ важи 60 минути и е единствен за сите зони, потребно е само да се означи времето кога почнува паркирањето.

Се очекува апликацијата да биде достапна наскоро, што дополнително ќе го поедностави процесот на добивање и користење бесплатни билети за паркирање, кои се достапни за родителите од Белград од јуни 2011 година, но сепак многу малку луѓе знаат за оваа поволност.

Електронскиот систем ќе им овозможи на родителите лесно и брзо да ги добијат своите билети преку апликацијата, без потреба да доаѓаат на шалтер.

Извор



912

X