Често слушаме како родителите се жалат за тоа колку е тешко да се воспитуваат тинејџери и дека тие воопшто немаат почит. Затоа виралното видео на таткото Џош е толку освежувачко. На „Тик-ток“ тој го раскажал своето искуство во паркот во Монтана, каде што однел пет деца – три свои и две од негови пријатели. Неговиот седумгодишен син се одвоил од друштвото и почнал сам да скока, а потоа му се придружиле и двајца постари тинејџери.

-Забележав дека момчињата си играат со него. Ова траеше околу 45 минути. Секојпат кога тој скокаше, внимаваа да го фатат да не падне – вели тој на видеото.

Синот на Џош одлично се забавувал со тинејџерите, а тие одлично се однесувале со него.

-Цело време му помагаа да скокне повисоко. Во еден момент се обидоа да му помогнат да направи салто. Беше неверојатно – додал тој.

Таткото Џош истакнал колку е важно постарите деца да даваат добар пример за помладите и дека тинејџерите заслужуваат повеќе признание отколку што им се дава овие денови.

-Треба да воспитуваме вакви луѓе. Не знам зошто многу луѓе не ги сакаат тинејџерите. Мислам дека тие често се погрешно разбрани, но дефинитивно можат да бидат најкул луѓе на планетата – заклучил тој.

Видеото набрзо станало вирално, а го забележал еден од споменатите тинејџери.

@thebeardedbard You two were the real MVP’s yesterday. You rock. #getairtrampolinepark #billingsmt ♬ Quirky Suspenseful Indie-Comedy(1115050) – Kenji Ueda

-Благодарам, беше многу забавно – напишал тој во делот за коментари, а потоа се огласила и неговата мајка.

-Тоа е мојот син. Ви благодарам, ме направивте горда – рекла таа.

Многу родители додале дека често гледаат тинејџери кои се грижат за помалите деца во парковите. Тоа е најдобар пример дека тинејџерите можат да бидат исто толку грижливи и сочувствителни како и сите други.

Извор



912

X