Корисниците на „Тик-ток“ се воодушевени од видеото што една мајка го споделила на платформата. На профилот посветен на авантурите и незгодите на малиот Барно, во неодамна објавеното видео, мајката на Барно ја споделила неговата реакција на играта меѓу неа и семејното куче.
Малиот Барно љубопитно гледа и не може да престане да се смее. Прекрасното смеење на ова момче веднаш ќе ви го разубави денот и можеби ќе ве поттикне, како и многу други, да го погледнете видеото неколку пати. Видеото од објавувањето го погледнале илјадници луѓе, а сите се воодушевени од преслаткото момче.
Watch on TikTok
Watch on TikTok
„Тие ќе бидат најдобри пријатели“, „Бебешката смеа е најслаткото нешто на светот“, „Не можам да престанам да го гледам ова преслатко видео“, се дел од коментарите.