Денес постојат многу жени кои секојдневно постигнуваат значителни економски, политички и социјални успеси, со што се зголемува бројот на достигнувања на жените. Тие се луѓето на кои ние и нашите ќерки треба да се угледуваме и да се движиме во насока на остварување на нашите желби и цели.
Затоа, научете ги вашите ќерки уште од мали да размислуваат како тие успешни, силни и инспиративни жени. Еве неколку цитати што треба да ги користиме за да воспитаме силни девојки со силна самодоверба и верба дека можат да успеат.
За неуспехот
– Невозможно е да се живее без неуспех во животот, освен ако не живеете толку внимателно, па подобро би било воопшто да не сте живееле – Џ.К. Роулинг.
За чувството на инфериорност
– Запомнете дека никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорни освен ако не му дозволите – Елинор Рузвелт.
За вклопувањето
– Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да знаете колку можете да бидете неверојатни – Маја Ангелоу.
За зависта и копирањето на другите
– Биди секогаш првокласна верзија на себеси, а не второкласна верзија на некој друг – Џуди Гарланд.
– Многу луѓе се плашат да кажат што сакаат. Тоа е и причината зошто не го добиваат она што го сакаат – Мадона.
За изгледот и елеганцијата
– Елеганцијата е кога внатрешноста е убава исто како и надворешноста – Коко Шанел.
За критиките
– Сфати ја критиката сериозно, но не и лично. Ако има вистина во критиката, обиди се да научиш од неа. Ако нема, само остави ја да помине од едно уво во друго – Хилари Клинтон.
За влијанието
– Ништо не трае вечно. Затоа, живеј го животот целосно, избегнувај драми, ризикувај и никогаш не жали се затоа што барем еднаш си го направила она што си го сакала – Мерилин Монро.
912