Истражување на американски лекари и научници покажало дека доенчињата и малите деца кои се изложени на загаден воздух имаат поголема веројатност да заболат од астма.

-Студијата што ја спроведовме покажа дека просечната количина на ситни честички и просечното загадување на воздухот со азот диоксид, во текот на првите три години од животот на децата, се поврзани со појавата на астма во раното и средното детство – се вели во извештајот за резултатите од студијата објавена од Американската медицинска асоцијација (AMA).

Поголем ризик кај пониските слоеви на општеството

Истражувањето во кое учествувале научниците од Училиштето за јавно здравје „Чан“ при „Харвард“ и детската болница во Синсинати укажува на тоа дека доенчињата од посиромашните семејства се соочуваат со поголем ризик од развој на оваа болест, што тие го припишуваат на намалениот пристап до почист воздух.

Бебињата од афроамериканските семејства кои живеат во густо населени заедници, кои се карактеризираат со намалени финансиски можности и ресурси, би можеле да развијат астма, заклучиле во студијата објавена кон крајот на февруари.

Научниците ги повикале локалните власти да вложат повеќе напори за намалување на загадувањето на воздухот и да создадат поголема еколошка, образовна и здравствена правда на ниво на заедницата.

Во Азија – две третини од смртните случаи се поврзани со загадувањето на воздухот

Друга група научници неодамна укажале на поврзаноста меѓу зголемената антимикробна отпорност и загадувањето на воздухот. Се покажало дека тоа влијае врз возачите и патниците кои остануваат во своите автомобили подолго отколку што порано се мислеше.

Претходните истражувања сугерираат дека на глобално ниво, приближно две третини од смртните случаи се поврзани со загадениот воздух во Азија, но нивоата на загаденост на воздухот во Европа и Северна Америка остануваат над границите кои се сметаат за здрави.

Извор



912

X