Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци се претвори во вистинска новогодишна бајка благодарение на вештите раце на родителите, наставниците и учениците. Посакуваме секое дете да биде среќно и да живее во мир, спокојство и здравје. Среќни празници!, ни посакаа од училиштето.
Во продолжение погледнете ги фотографиите:
Оваа година тимот на Деца.мк одлучи да го избере најдобро украсеното основно училиште заедно со читателите.
Испратете ни фотографии, максимум 5 од холот на училиштето или надворешните декорации. За секое училиште ќе објавиме посебен текст со фотографиите, па тоа што ќе има најмногу лајкови од читателите, ќе добие пакет производи од „Светот на Биби“ за да ја збогати својата училишна библиотека.
ТУКА можете да ги прочитате сите правила за учество.
912