Воспитување

Експерти предвидуваат кои имиња ќе им се даваат на децата во 2050 година

Генерациите што доаѓаат би можеле да носат имиња како Козима, Дот и Алби. Експертите од веб-страницата „Nameberry“, која содржи база на податоци со повеќе од 70.000 имиња, направиле анализа и врз основа на статистиката дошле до информации за тоа какви имиња би можеле да им се даваат на бебињата во 2050 година.

„Следната генерација ќе избира имиња кои не им биле интересни на нивните родители“, изјави извршната директорка на веб-страницата, Памела Редмонд.

Се покажало дека првите пет имиња за момчиња родени во 2050 година најверојатно ќе бидат Алби, Барни, Клемент, Кипријан и Елим, додека родителите на девојчињата најчесто ќе ги избираат имињата Козима, Дот, Ајсланд, Мод и Мејви.

„Nameberry“ предвидува дека во наредните години сѐ повеќе девојки ќе носат машки имиња, како и дека во тренд ќе бидат гламурозни и женствени феминистички имиња. Тоа се, на пример, Јо, Хани, Ајс, Лира и Нами.

Идните имиња за девојки се:

-Козима
-Дот
-Ајсланд
-Луи
-Мод
-Мејви
-Моргана
-Пакс
-Ривиера
-Сноу
-Вега
-Ванда
-Вилоби
-Зита
-Елери
-Френклин
-Јон
-Лунароуз
-Пандора
-Пиксис
-Прери
-Вита
-Ксо

Идните имиња за момчиња се:

-Алби
-Барни
-Климен
-Кипријан
-Елим
-Елисијан
-Флоријан
-Хејл
-Хеликс
-Хермес
-Исидор
-Иво
-Јупитер
-Каноа
-Мерит
-Нед
-Оукс
-Оксфорд
-Расмус
-Риџер
-Рорк
-Тенеси
-Вижн
-Вилбур

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top