Воспитување

Еден од најголемите проблеми што го имаат возрасните не е тоа што нивните родители биле лоши, туку што нивната мајка се чувствувала лошо

Еден од најголемите проблеми што ги среќавам во психотерапијата со возрасните не е тоа што родителите биле лоши со нив во детството, туку тоа што мајката се чувствувала лошо. Дека била празна. Дека не се имала себеси. Дека била нервозна. Вознемирена. Преплашена. Тажна. Загрижена. Бесна. Лута. Тоа се работите што ги повредуваат децата и ги носат цел живот.

Нашето тело, нашиот организам се сеќава на она што свесниот ум сака да го заборави. И тоа се потиснува во телото, во имплицитната меморија. Имплицитната меморија е всушност телесна меморија и подразбира активирање на одредени телесни состојби. На свесно ниво не знаеме дека имаме проблем. И тогаш ни доаѓа пријател и ни кажува нешто, а потоа се чувствуваме ужасно, повредено, луто.

Што во основа се случило?

Она што се случило е, всушност, подигнување на стара позната состојба што нашето тело ја памети преку имплицитна меморија. Експлицитно, не се сеќавате на такво искуство, да речеме едно одбивање, негледање, недоживување. Немате сеќавање за тоа. Но, тоа е таму, внатре. И сите спомени што ги носиме од раниот период се всушност складирани во нашиот систем. Не ги чувствуваме на свесно ниво, не ги препознаваме, но тие се таму.

Автор: Томислав Куљиш, „Интегрален личен развој“
Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top