Кога ќе останете бремени, ќе сфатите колку смешен може да биде Холивуд. Во филмовите бременоста секогаш е претставена како магично доживување без непријатни ситуации. Твојата матка се полни како балон со вода, кој изненадувачки пука во јавност, а потоа по 2 минути врескање, ете го бебето! Ништо друго не се менува, освен што можеби понекогаш сте малку театрални и имате необјаснива потреба за храна. Но, тоа не е целосно точно – бременоста е многу повеќе од воден балон во матката. Во процесот е вклучено целото тело и тоа е искуство кое си поигрува со нашиот ум. Да, ќе сакате краставички во најчудно време и ќе добиете стрии или нема да добиете стрии и градите ќе ви бидат поголеми и луѓето ќе посегаат да го допрат вашиот стомак, а вие ќе сакате да ги удрите. Но, тука се и низа работи за кои никој, па дури ни на интернет, не сака да зборува.

Елизабет Бродбенд, мајка на 3 деца, блогерка и колумнистка, наброила 8 работи што веројатно заборавиле да ви ги кажат за бременоста:

Многу шмркање

Знаете како децата го „копаат“ носот цело време? И вие ќе го правите истото. Откако ќе останете бремени, вашето тело ќе произведува многу слуз, која за возврат создава мрсули, И тоа не во мали количини. Работите што се појавуваат во носот изгледаат како да излегле од некој хорор-филм, а вие ќе чувствувате нагла, несопирлива потреба да ги отстраните. Ако имате мали деца, откажете се од тоа да ги научите да престанат да го чепкаат носот. Задоволете се со тоа што не го прават во јавност.

Ќе сонувате чудни соништа секоја вечер

И тоа не соништа кои ја поднесуваат психоанализата или имаат претерана врска со анксиозноста поврзана со бременоста. Подгответе се за будење во студена пот бидејќи се случила апокалипса, а вие не сте можеле да го најдете својот чадор. Соништата ќе ви бидат поживописни од кога било.

Ќе ви треба дополнителна долна облека

Немојте да мислите дека затоа што не крвавите еднаш месечно, вашата полица со долна облека е на сигурно. Кога сте бремени, ќе менувате барем по два пара гаќи дневно. Веб-страниците што служат за информирање за бременоста ја заобиколуваат оваа тема и ќе споменат понекогаш некој исцедок. Меѓутоа, вие ќе се потите многу, особено во подрачјето на меѓуножјето. Задолжително купете нова долна облека.

Ќе имате потреба да се „гнездите“

Ќе ви речат дека таа потреба за гнездење е како да сте испиле 3 таблети за смирување пред важен испит и сте добиле чувство како веќе да сте го решиле. Меѓутоа, ќе имате необјаснива желба за чистење, а можеби и за менување на распоредот на мебелот. Исцрпеност во бременоста? Нема да почувствувате ништо. Времето и децата стануваат неважни бидејќи ова треба да се направи сега и вие се чувствувате одлично. И да, ќе спиете целиот нареден ден. За тоа општо станувате свесни само во ретроспектива.

Ќе се чувствувате како старица

Да, колковите ќе се шират. Ќе ве болат нозете. Сите го знаеме тоа. Но, ќе ве болат и рацете и рачните зглобови, а можеби и палците. Некаде околу 30. недела се добива синдром на карпален тунел и мора да спиете со оние „шини“ за зглобови. Целата индустрија што се занимава со бебиња и бременост, а и мојата неспособна поранешна бабица, се заколнаа дека таблетите против болки ќе го убијат бебето. Но, немојте да бидете маченик. Испијте таблета против болки и олеснете си, сигурно во минатото сте правеле и полоши работи од тоа.

Луѓето ќе ја коментираат вашата тежина

Сите ќе ве прашуваат кога ви е терминот. Ако наведете датум подалеку во иднина, вие сте дебели или носите близнаци. Ако е прерано, премногу сте слаби и веројатно ќе го убиете своето бебе. Една мајка, која би требало да знае подобро, се шокира кога ѝ реков дека сум во 13. недела од бременоста, наместо во третото тромесечје. Тоа ќе ви се случи и вам.

Бременоста и лутењето

Вие многу, многу ќе се лутите за што било. Возач ви го пресекол патот? Тој речиси го убил вашето дете, и тоа намерно. Слаби трудници, кучиња што лаат, вашите сопствени деца, ќе станат предмет на вашиот гнев. Не се случува тоа само со вас. Одете во спалната соба, пуштете малку музика и ќе ви помине.

Сите се вртат околу вашите гради

Да, тие ќе се зголемат. Да, би можеле да ве болат. Но, модната индустрија одлучила дека е подобро да ги покажете. Целата облека за трудници е исечена во пределот на градите до таа мера што можете да заборавите на нормален раб. Сè што имате моментално се вашите гради. Од таа причина е најдобро и со нив да располагате. Откако ќе родите, секако, ќе доите само едно време, па барем уживајте во нив сега.

Автор: Елизабет Бродбент

Извор



912

X