Принцезата Дајана е најпозната по нејзината бунтовна, но инспиративна природа, како дел од британското кралско семејство. Многумина велат дека таа прекршила повеќе кралски протоколи отколку што може да се избројат на двете раце. Децении по нејзината смрт, сè уште се зборува за неа и нејзиниот мајчински пример. Ова се неколку работи за кои принцезата се бунтувала, а денес тие сè уште се применуваат од нејзините синови и снаи.

Се породила во болница

Таа е првата во кралската историја што ја прекинала традицијата за породување дома. Наместо тоа, го родила принцот Вилијам во болницата „Света Марија“ во Лондон. Исто така, додека го раѓала својот втор син, принцот Хари, принцезата одлучила да не зема никакви лекови против болки во текот на породувањето. Тие настани ги направиле нејзините синови први кралски лица што се родиле во локална и општа болница.

Им дала предност на своите деца над должностите

Често се истакнува дека принцезата Дајана во ништо не уживала повеќе отколку во улогата на мајка. Во интервју, нејзиниот татко Џон Спенсер се потсетил дека таа уште од мала сакала бебиња и мали дечиња. За разлика од другите кралски членови, кои се фокусирале на своите должности и работа, принцезата секогаш се трудела да се погрижи да биде покрај своите деца и ги ставала на прво место. И покрај протоколот според кон јавното покажување наклонетост (дури и кон сопствените деца) се обесхрабрувало, принцезата не се воздржувала да им покаже љубов на своите деца постојано држејќи ги и прегрнувајќи ги.

Ги испратила синовите во јавно училиште

Уште една од низата работи што првпат се случиле во британското кралско семејство е испраќање на нејзините синови во јавно училиште. Принцот Вилијам станал првиот наследник на кралскиот престол кој не завршил приватно образование дома.

Ги водела децата на службени патувања

Принцезата Дајана шокирала многумина кога го зела 9-месечниот принц Вилијам на турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Пред оваа случка вообичаено било членовите на кралското семејство да ги остават децата дома кога одат на службени патувања. Но, денес нејзините деца исто така ги водат своите деца на службени турнеи и патувања.

Кога разговарала со децата, се спуштала на нивото на нивните очи

Принцезата Дајана секогаш се трудела децата да почувствуваат колку ги сака. Една од нејзините вообичаени практики била да клекне за да биде на ниво со очите на децата со кои разговарала, а не само со сопствените деца и оние што ги среќавала. Тоа, се разбира, не било вообичаено кај другите членови на кралското семејство.

Ги изложила принцовите на вообичаен живот

Иако има кралско потекло и на крајот се омажила во кралско семејство, сакала животите на нејзините деца да бидат што повообичаени. Според зборовите на кралскиот персонал, принцезата направила сè што можела за да им овозможи на синовите да искусат секојдневни работи, како одење во кино, чекање ред за „Мекдоналдс“, одење во забавни паркови и скокање на кревет.

Останала мајка што ги држи децата за рака

Од грижа за нив до носење на службени патувања и приспособување на нејзиниот распоред во согласност со оној на синовите, принцезата Дајана е олицетворение на модерната мајка која ја користи секоја можност да биде во близина на децата. „Не нарекувајте ме икона. Јас сум само мајка која се обидува да помогне“, рекла таа.

Извор



912

X