Игротека

5 најголеми стравови што ги имав во втората бременост

Изненадувачки брзо останав во блажена состојба. И токму кога мојата желба беше на пат да се оствари, почнаа да ме мачат сомнежи и стравови кои правеа да се чувствувам како ужасна мајка и сопруга. Кога ги споделив своите чувства со други мајки, тие ме гледаа како да сум сериски убиец, па тоа направи да се чувствувам уште полошо.

Лорејн Ладиса, мајка од Шпанија, за време на втората бременост ја измачувале многу прашања на кои не успевала да најде одговор, сѐ додека не се породила. Еве што таа им порачува на идните мајки на второ дете:

„Отсекогаш сум сакала да имам повеќе деца, но се чинеше дека тоа нема да се оствари, со оглед на тоа колку долго се обидував повторно да забременам. Меѓутоа, веднаш по мојот четириесетти роденден, сопругот и јас решивме да се обидеме уште еднаш. Изненадувачки брзо останав во блажена состојба. И токму кога мојата желба беше на пат да се оствари, почнаа да ме мачат сомнежи и стравови кои правеа да се чувствувам како ужасна мајка и сопруга. Кога ги споделив своите чувства со други мајки, тие ме гледаа како да сум сериски убиец, а тоа направи да се чувствувам уште полошо (пред 11 години не постоеја блогови и страници каде што можев да прочитам дека постојат мајки што се чувствуваат исто како мене)“, вели таа.

1. Постојано се прашував дали донесов правилна одлука

Колку и да сакав второ дете, дури и откако го видов на ултразвучниот преглед, и натаму се прашував дали сум погрешила. Во текот на првото тримесечје чувствував голем замор и не можев да престанам да размислувам како ќе успеам да водам сметка и за тригодишно дете и за мало бебе.

2. Постојано се прашував дали ќе го сакам второто дете исто како првото

Моето прво бебе за мене беше совршено и постојано се прашував како е можно повторно да се добие такво бебе. Не можев да замислам послатко и посовршено бебе. Кога се подготвувавме да тргнеме во породилиштето, плачев од страв дека нема да го сакам бебето што ќе се роди.

3. Се плашев од љубомората на првото дете

Не можев ниту да замислам дека моето тригодишно дете зрело ќе го прифати доаѓањето на малото бебе. Ја подготвував, ѝ купував книги, фустанчиња и ситници, велејќи ѝ дека тоа се подароци од помладата сестра. Ѝ дозволував да го држи бебето веднаш штом се вративме од родилиштето, ги бањав заедно штом второто бебе беше доволно големо, на поголемото девојче му читав приказни за добра ноќ додека го доев бебето.

4. По втората бременост бев мислев дека нема да успеам да се вратам во форма

И никогаш не се вратив. Телото едноставно е поинакво и тоа е така без оглед што правите и колку се трудите. Но успеав да ја вратам старата тежина и да вежбам покрај две мали деца. Секогаш постои начин да најдеш време за вежбање и да имаш релативно урамнотежена исхрана. Не е лесно, но може да се постигне.

5. Мислев дека со две деца е потешко отколку со едно

Да, доаѓаат моменти кога е многу потешко со две деца. На пример, кога треба да им го организираш денот, а тие имаат целосно различни активности и сето тоа треба да се усогласи со твоите и со обврските на твојот сопруг. Моето постаро девојче и денес ми помага околу помладата сестра. Тие имаат 14 и 11 години и си недостигаат една на друга кога подолго се раздвоени. Нивната заедничка игра ми обезбедува малку слободно време за себе.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top