17.000 ученици во основни училишта во кинескиот град Гуангџоу добија бизарен подарок од локалната власт: паметен часовник со Џи-пи-ес што ќе ја следи нивната локација, за што официјалните лица велат дека е дел од нова безбедносна иницијатива.

Нивната дистрибуција е прв чекор од доброволна програма што ќе им помага на родителите да следат каде се наоѓаат нивните деца. Но, според експертите, ова е продолжување на растечката состојба со надзорот на жителите на Кина.

Досега 8.000 деца ги активираа своите часовници, за кои компанијата „Беидоу“, која ги создава, вели дека може да ги следи на радиус од 10 метри.

Официјалните власти на Гуангџоу се надеваат дека ќе издадат вкупно 30.000 часовници за следење на децата, заедно со белегзија што може да ги следи постарите.

Рачниот часовник испраќа податоци до телефоните на родителите, давајќи им увид во тоа што го прават децата и дали може да западнат во неволја.



912

X