Десет и полмесечно бебе, кое повеќе од две недели било на интензивна нега на Клиниката за детски болести, вчера починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.
Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.
– Имало тешка пневмонија, мозочно крвавење – рече Микиќ.
Тој нагласи дека во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи за морбили, од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.


– Сè уште се одржува висока активност на вирусот на морбили. Очекуваме ако се зголеми бројот на вакцинираните, особено кај претшколските деца надвор од Македонија, оваа бројка да почне да се намалува. Повеќе од три четвртини од новопријавените случаи се невакцинирани, а најголем број се деца. Или половина се деца на возраст до четири години, но има и висок број регистрирани случаи кај повозрасните групи, односно кај лица на возраст над 30 години – рече д-р Микиќ.

Тој истакна дека треба да се вакцинираат уште 19.926 деца, од кои во Скопје се 2.900, а останатите 16.000 се во другите градови.



912

X