Неодамнешна студија, која се работела 3 децении, заснована на податоци од 38.556 мајка-дете врски од студијата „Влијанија од злоупотребата на деца и негрижа“, ја посочува интергенерациската трансмисија на лошото третирање во детството. Некои парови мајки-деца во студијата биле подложени на лош третман како деца, а други пак не искусиле злоупотреба или негрижа.
„Колку што ни е познато, ова е прва ваква студија која го анализира ризикот од интергенерациска трансмисија на негрижа врз деца кај населението, користејќи дефиниции за лошо однесување засновани на оние користени од надлежните за заштита на децата“, вели првиот автор Џејсон Армфилд од Јужноавстралискиот институт за здравје и медицинско истражување.
„Да се има родител кој бил лошо третиран како дете е идентификувано како најголем ризик-фактор за продолжување на таквото однесување и кон неговите деца, но нема доволно докази од висококвалитетни студии“, велат Рут Гилберт и Ребека Ласи од Универзитетот „Колеџ Лондон“. „Потребно е понатамошно истражување за да се истражи улогата на татковците во континуитетот на лошиот третман врз децата од страна на родителите“, забележуваат тие.
Случаите на злоупотребата на деца често вклучуваат родители кои биле злоупотребени и самите кога биле деца
Според податоци собрани од 1986 до 2017 година, истражувачите откриле дека поголемиот дел од детската злоупотреба се случува во семејствата кај кои има интергенерациски циклус на таков третирање на децата и негрижа“. Така, 83 проценти од случаите испитани за студијата вклучувале деца чии мајки имале историја на контакт со служби за заштита на деца кога биле мали. За контраст, меѓу децата чии мајки немале таква историја, процентот на издржана злоупотреба е 5. Воопшто, истражувачите откриле дека 30 проценти од децата чии мајки искусиле лошо однесување како деца, исто така, искусиле злоупотреба од мајките или негрижа до возраст од 12 години.
„Резултатите се особено загрижувачки со оглед на генерално лошите исходи за жртвите на злоупотреба или негрижа преку повеќе здравствени и социјални аспекти“, вели Леони Сегал, еден од авторите на студијата. „Злоупотребените деца често растат во возрасни лица со слаби импулси за контрола, големо чувство на срам, голема свесност за закани, брза избувливост, екстремни нивоа на стрес кои резултираат со злоупотреба на супстанции или ментална болест“.

„Кога овие деца ќе станат родители, нивниот капацитет за сочувство или доверба може да е разнишан, па често не можат да ги согледаат потребите на сопствените деца и може да им е екстремно тешко да обезбедат грижливо родителство кое би требало да го понудат“, додава таа. Откако се утврдила јасна поврзаност помеѓу мајките кои страдале од злоупотреба и негрижа во своето детство и веројатноста дека нивните дека ќе ја искусуваат истата судбина, истражувачите ја истакнуваат важноста за поддршка на преживеаните лица од ваквиот третман, уште рано во животот, како и заштитата на неродените деца од наредните генерации.
Тие што преживеале злоупотреба мора да добијат надворешна поддршка
Гилберт и Ласи тврдат: „Потребно е целата популација, јавното здравство, да преземат акции за да го поддржуваат позитивното родителство преку подобрување на социјалните, економските и трудовите околности на родителите, како и да се обезбедат доволно служби за родителите и децата. На децата и родителите им треба помош. Лекувањето на траумата е етички императив, но исто така нуди и многу здравствени и економски придобивки за семејствата, но и за пошироката заедница. Ако можеме да го попречиме патот на интергенерациската трансмисија на злоупотреба, можеме да превенираме во однос на целиот проблем и да ги пренасочиме животните траектории од најранливите деца, па следствено на тоа да понудиме заштита за идните генерации“, заклучува Сегал.
Автор: Кристофер Бергланд