Ја земаме здраво за готово идејата дека малите деца (на возраст од 1-2 години), се „малечки чудовишта кои мислат дека светот се врти околу нив“, бидејќи тие се природно себични сè додека не ги научиме поинаку? Според Феликс Варнекен, професор по психологија на Универзитетот во Мичиген, не е така. Истражувањето на Варнекен открива дека малите деца се всушност корисни.

Како студент на докторски студии, Варнекен се интересирал за развојот на детското размислување.

– Сфатив дека еден важен аспект од тоа е како ги разбираат умовите на другите луѓе. За да му се помогне на некој што има проблем, вие треба да разберете кои се целта и намерите на таа личност. Ако мало дете види дека ви паднале клучевите, а вие се мачите да се наведнете и да ги подигнете, дали ќе разбере дека вашата цел е да ги кренете? Уште поважно, дали ќе се обиде да ви помогне? – прашува тој.

Неговиот советник ја отфрлил можноста – Се разбира дека малечко дете нема да ви помогне, тоа попрво би ги зело клучевите отколку да ви помогне да ги кренете.

Но, Варнекен не бил сосема подготвен да се откаже од својата идеја. Додека реализирал различен експеримент, се преправал дека не може да досегне топка со која играле тој и малечко дете. Не само што детето отишло по топката, туку и му ја донело назад на Варнекен. Сето ова продолжило со 15 години истражување за да се види колку малите деца ги разбираат целите на другите луѓе и колку имаат волја да помогнат.

Децата помагале дури и кога имало потешки ситуации. Се одвојувале и од нова играчка за да помогнат

Првиот експеримент на Варнекен, верзија која може да се види во втората сезона на документарната серија „Бебиња“ на „Нетфликс“, изгледа вака: возрасен истражувач покажува парчиња облека кои се закачени на закачалки, пред да испушти една од нив. Потоа дава индикација дека му е потребно нештото што е испуштено – посегнува по него, мрмори нешто, но не бара јасно од детето да направи нешто. Сепак, во експеримент по експеримент, низ многу култури во светот, малите деца најчесто посегале по нештото и му го додавале на истражувачот. „Тоа беше само појдовна точка“, вели Варнекен. „Навистина отидовме многу подалеку од тоа“.

Следните експерименти, сите варијации на првичниот, продолжиле да ги истражуваат границите на инстинктите на малите деца за помагање на другите… изгледа дека овие мали човечиња се всушност многу попаметни и повеќе соработуваат отколку што ние мислиме. Децата помагале дури и кога имало потешки ситуации. Се одвојувале и од нова играчка за да помогнат. Во еден експеримент истражувачот не ни забележал дека му треба помош, но детето сепак помогнало. Можеби најинтересната варијација од овој експеримент е она што Варнекен го сторил со шимпанзата.

Имено, бидејќи шимпанзата и луѓето споделуваат заеднички предок, Варнекен сакал да види дали еволуциската адаптација може да му помогне на човештвото… и изгледа дека може: Шимпанзата демонстрирале слично разбирање и помагање кај малите претставници на видот, со што постои индикација дека поттикот да се биде од помош и корисен не само што започнува во најраната фаза во животот, туку започнала и рано на почетокот од времето и видовите.

Варнекен признава дека малите деца не се корисни 100 проценти од времето, но во неговите експерименти тој набљудувал и фактори што предизвикуваат детето помалку да помага.

Малите деца: тие се исти како нас

– Има разлика во помагањето кое изгледа дека зависи од комплексноста на ситуацијата. Не е себичноста во прашање – премногу е комплексно – вели тој. Тоа не значи дека малото дете не сака да помогне, туку можеби сè уште не ги совладало потребните вештини за да го стори тоа. Присуството на родител во собата исто така може да направи детето да не понуди асистенција, што претставува дифузија на одговорноста. Другпат може да се работи и за срамежливост. „Потребна е и малку храброст за да се појавите и да помогнете некому“, смета Варнекен.

Сепак, иако изгледа дека митот за малите дечиња и нивната егоцентричност е разрушен, Варнекен предупредува дека не треба да се оди предалеку во таа насока. „Не е точно дека децата започнуваат како ангелчиња, а потоа работите одат низ брдо, туку дека рано покажуваат борба помеѓу себичноста и алтруизмот кои се јавуваат кај секого… поентата е дека таа појава се јавува во многу раниот период“, вели Варнекен.

Малите деца: тие се исти како нас.

Автор: Џејми Кини

Извор



912

X