Една од првите намирници што му ги дадов на мојто најстар син беше бананата. Тој веднаш почна да ја јаде и оттогаш постојано ја консумира. Особено во периодот од една до две години, бананите постојано беа негова ужина каде и да одевме, а јас знаев дека тој не е единственото дете што јаде банани барем двапати неделно. Но, зошто децата ги сакаат бананите толку многу?

– Децата навистина уживаат во бананите бидејќи тие се слатки и забавни и лесна храна за прстите – вели д-р Сара Шафер Деру, педијатар во детска клиника. Децата, исто така, многу се движат, па има смисла што сакаат храна која лесно може да ја понесат со себе кога го истражуваат светот. Бананата е дел од сите торбички со работи за децата. Лесно се држат, слатки се и лесни се за џвакање, а освен тоа, бананите се и многу хранливи. Исто така, и ни се познати – бидејќи многу родители ги хранат децата со банани од најрана возраст, па текстурата и овошниот вкус на бананата им се познати на децата. Хранливите материи, пак, се голема придобивка за нивните потреби.

– Бананите се полни со влакна, витамини и микронутриенти – дополнително имаат и суптилна сладост во која децата уживаат – вели педијатарот д-р Наташа Бургерт.

Кога мојот најстар син го запознавав со цврста храна, овошје и зеленчук, бананата беше лесна за да се згмечи со виљушка и да му се даде самостојно да ја јаде.

– Бананата е одлична прва храна бидејќи не е скапа, достапна е и лесна за подготовка за дете што има малку заби. Децата речиси воопшто не развиваат алергии на банани, па тоа ја прави атрактивна храна за раната возраст – вели Шафер Деру.

Дополнително, Бургерт објаснува дека родителите што се заинтересирани да ги запознаат своите деца со храна, а имаат потенцијални алергени, може да ги користат бананите за таа цел.

– Препораките ги охрабруваат родителите да им понудат широк спектар на храна на децата. Нема најдобра прва храна. Бананите, сепак, се едноставни за гмечење или блендирање со цел да се понуди брза храна на безбеден начин. Бананите, исто така, се многу вкусни кога се блендирани со мала количина путер од кикиритки, дозволувајќи првата дадена храна да обезбеди и заштита од алергии од храна – вили таа.

Мојот син, кој сега има 8 години и има апетит, сè уште ја обожува бананата, најчесто како брза ужина.

– Бананите придонесуваат за дневните препорачани дози на овошје за децата и здравиот избор на ужина – вели Шафер Деру. Кога се соочувате со изборот – кутија чипс или банана – мојот син и сега би ја избрал бананата. Можеби повеќе од навика, но не се жалам.

Автор: Ешли Џонс

Извор



912

X