Да се биде мајка на 3 мали деца значи постојано да сте во зона на одбрана додека сте будни, секогаш да доцните секаде, како и да зјапате во часовникот копнеејќи побрзо да дојде времето за спиење, но и да се прашувате како сте успеале да ги завршите сите активности пред да дојде време за в кревет. Деновите се долги и кратки во исто време.

Нашиот живот е хаотичен, а понекогаш тој хаос прави да го изгубам трпението. Јас често викам, па и ги „дисциплинира“ децата со неефективни методи. Бидејќи децата треба да знаат зошто ги дисциплинирате. Треба да ги разберат последиците – причината и ефектот што ги имаат нивните дела, односно што ќе се случи како резултат на нивните постапки.

Но, ништо од тоа нема да се случи ако не се смирите. Додека децата не бидат исплашени или лути на мама. Повторно им ги земам играчките ако не го расчистат нередот, но начинот на кој се соочуваат со тие последици ја прави разликата. Бидејќи ова е вистината – казната која го намалува стравот не е ефективна дисциплинска техника. Но, последиците се.

Кристина Клемер, монтесори-наставничка, зборува за моќта на природните и логичните последици и како тие ги учат нашите деца многу повеќе за нивното однесување отколку строгите казни.

– Монтесори-училиштата и домови користат природни последици бидејќи не сакаме однесувањето на децата да биде поттикнато од страв од казни. Сакаме да постапат правилно бидејќи го разбираат влијанието од нивните дела – вели таа.

Колку е моќна оваа изјава? Зарем не сакаме нашите деца да пораснат и да разберат дека имаат моќ врз светот? За подобро и полошо. Како поинаку ќе ги научиме ако не им ги покажеме природните и логичните последици од нивното однесување?

На пример, да се биде љубезен значи да се има пријатели кои сакаат да играат со тебе.

Да се биде нељубезен значи дека другите нема да сакаат да си играат со тебе.

Грижата за играчките значи дека со нив подолго време ќе може да се игра.

Кршењето на играчките значи дека тие веќе нема да ни служат. Всушност, сè е логика.

Децата ќе послушаат кога ќе бидат набљудувани, но нема да послушаат кога никој не ги гледа

Професорот по психологија Мајкл Карсон вели: – Казната предизвикува учтивост, а не морал. Тој додава и дека децата ќе послушаат кога ќе бидат набљудувани, но нема да послушаат кога никој не ги гледа. Ова е затоа што не научиле ништо од казните и само се обидуваат да ги избегнат, не разбирајќи зошто нивното однесување е лошо.

Ако децата подобро ги разберат последиците, тоа ќе го модифицира нивното однесување заради правилни причини. А тие причини ќе им помогнат да се развијат во подобра и посвесна возрасна личност која сфаќа што е она што е важно.

Кристина Клемер вели дека има 2 типа последици што децата мора да ги искусат – природни и логични. Природните едноставно се случуваат. Ако трчате на базен, се лизнете и паднете, тоа е природна последица. Потоа родителот може да разговара со детето за она што се случило и зошто. Другиот тип подразбира поголема интервенција од родителот.

„Понекогаш несакано однесување нема непосредна природна последица“, вели Клемер. „На пример, одбивањето да се измијат забите може да доведе до кариес во иднина, но објаснувањето на таа појава на мало дете нема да резултира со промена на неговото однесување во моментот“.

Затоа мора да ја кажеме и последицата наместо да чекаме природната да се случи. Некои примери може да вклучуваат повикување на детето внатре ако тоа не се однесува љубезно со децата од соседството. Или да не го направите омилениот појадок ако тоа премногу пати излезе од својот кревет во текот на ноќта. Сепак е дисциплина, но што е различно? Отсуството на срам и страв. А лекцијата што се учи е дека иако сите правиме грешки, нашето однесување има влијание.

Помеѓу одземањето на играчките и мајка која им вика на децата, погодете кој метод би влијаел повеќе на тоа – моите деца да се погрижат за нередот? Посакувам да беше викањето, да бидам искрена. Би сакала да имаа внатрешна желба да ги следат моите правила бидејќи ме сакаат премногу и гледаат колку тешка работа извршувам секој ден. Но, не е така. Бидејќи тие се деца. И нема да имаат поим колку е тешко да се биде родител додека и самите не станат родители, како што и јас не знаев колку ѝ е тешко на мојата мајка. Вистината е дека губењето на привилегиите е подобра последица.

Сакам да ме почитуваат

Дали сè уште ги имаме разговорите за почитување на правилата и грижењето за играчките? Да. Но, стравот дека ќе ме налутат не треба да биде нивна мотивација за да ги следат моите очекувања. Сакам да ме почитуваат. Не сакам да скокаат кога ќе влезам во собата, плашејќи се дека ќе им ги фрлам играчките в ѓубре и дека ќе викам многу гласно. Не сакам да бидам таков родител.

На пример: Моето 5-годишно дете се обиде да тури млеко во шолја пред некој ден кога немаше никој во собата. Тој не е подготвен за такво нешто, па можете да замислите каков океан од млеко имаше во кујната. Но, следува добриот дел – делот кој ме направи горда. Тој веднаш зеде хартиени крпи и се обиде да исчисти. Не побегна и не се скри обвинувајќи некој друг. Му кажав дека се гордеам со него, а следниот пат кога ќе се обиде да си стави млеко, да биде сигурен дека има некој со него во собата. И покрај сите негативности што доаѓаат со последиците, децата сепак учат и важни лекции. А тоа е добра работа.

Родителството е премногу тешко. Нема упатство што одговара за секое дете. Но, концептот на последици над казни? Тоа сигурно има смисла.

Автор: Карен Џонсон

Извор



912

X